Во Прилеп се одржа настан за промоција на наоди и препораки

Настанот за промоција на препораките од проектот “Родово-одговорно планирање на локално ниво: Случајот на Прилеп и Крушево” се одржа во поразличен концепт, со пренесување на препораките преку визуелизации.
Проектот е поддржан од Реактор – Истражување во Акција и нивните партнери преку акцијата “Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведска.

Finance Think на панел „Македонската економија е европска“

Finance Think учествува на третата панел дискусија на тема „Македонската економија е европска – мобилност, конкурентност, развој“, во организација на Secretariat for European Affairs.
➡️ Нашата Blagica Beba Petreski се обрати во вториот панел посветен на кластер 3 Конкурентност и инклузивен #раст, заедно со министрите Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Бисера Костадинова Стојчевска, Адмирим Алити, и директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Во интервју за Локално.мк, Благица Петрески говори за тековни економски теми

⚠️ Во нашиот Макро-монитор којшто беше објавен во петокот, врз база на #моделски пресметки излеговме со проекција за БДП за 2023 од 2.4% и проекција за инфлација од 8.9%. Двете бројки се под значајни #ризици. Проекцијата за БДП е под надолен ризик, односно според моменталните информации веројатноста да се оствари пониска стапка од оваа е поголема, споредено со веројатноста да се оствари повисока стапка. Кај #инфлацијата, неизвесноста е во двете насоки, бидејќи движењата и изворите на притисоците се тешко предвидливи, особено случувањата на геополитички план. Меѓутоа, моментално, предвидувањата укажуваат дека дел од ценовниот притисок ќе #стивне, што ја намалува веројатноста за двоцифрена инфлација во 2023.
На глобален план, имаме веќе пад кај #цените на примарните прехранбени производи кој со одредено задоцнување ќе се преслика и врз домашните малопродажни цени, а се очекува дека и кај цените на енергентите во текот на 2023 ќе видиме одредено #стабилизирање и намалување. Секако важно е какви потези ќе преземаме и на домашен план. Субвенционирањето на струјата за #прехранбената индустрија треба да даде позитивен ефект врз пониска инфлациска стапка веќе во декември, а исто така #монетарната политика која е на линија на затегнување од април годинава ќе го изврши своето влијание.

Консултативна средба со ЕБРД

Со колегите од European Bank for Reconstruction and Development (EBRD) дискутиравме за тековни економски прашања во земјата и регионот.
 
Правиме континуиран придонес кон консултативниот процес во земјава, низ објективна, базирана на докази и податоци, анализа на тековните економски трендови и економските политики.

Благица Петрески со активности за вмрежување во Чикаго

Нашата Благица Петрески оствари средба со претставници на Chicago Council on Global Affairs, непрофитна организација посветена на зголемување на знаењето и ангажманот во глобалните работи, од Чикаго, САД.

Приемот беше проследен со настан за вмрежување на кој дискутираа американскиот амбасадор во Народна Република Кина, Николас Барнс и Феј Хартог Левин од Советот за главните прашања на односите денес и за нивните изгледи.

Finance Think на 9. состанок на Националната работна група за реформа на јавната администрација

🗃 Нашата Despina Tuman ги презентираше наодите од проектот „#Буџет за сите: Граѓански консултации за креирање буџет според локалните потреби“ на деветтиот состанок на Националната работна група за реформа на јавната администрација, во организација на Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute – EPI, кој ја поддржа оваа акција во рамки на проектот WeBER 2.0.

Finance Think учествуваше во дијалогот за Програмата за економски реформи 2023-25

Finance Think учествуваше во дијалогот за Програмата за економски реформи 2023-25, организиран од Delegation of the European Union, Skopje.

Правиме континуиран придонес кон консултативниот процес во земјава, низ објективна, базирана на докази и податоци, анализа на тековните економски трендови и економските политики.

Средба за следење на резултатите за родово-одговорно планирање на локално ниво

За резултатите од нашиот проект „Родово-одговорно планирање на локално ниво: Случајот со Прилеп и Крушево“, разговаравме со драгите колеги од Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција, кои го поддржаа во улога на донатор, во рамки на нивната акција „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“.