Finance Think на Форум на граѓански организации во Берлин

Во Берлин се одржа дводневниот Форум за #граѓански организации и #тинк тенкови 2022 на кој учествуваше нашата Деспина Туманоска.
На форумот, претставници на граѓанскиот сектор имаа можност да ги споделат своите препораки за #Берлинскиот процес пред релевантни носители на политиките.

Finance Think го поддржува процесот на подготовка на Националната развојна стратегија 2022-2042

Нашата Irena Nikolovska учествуваше на работилницата која денес се одржа во состав на подготовката на првата Национална развојна стратегија 2022-2042.
Finance Think го поддржува процесот на подготовка на овој клучен стратешки документ. Во првите фази од процесот, извршивме скенирање и оценка на капацитетите на носителите на овој процес, со цел идентификација на јазовите и план за нивно адресирање.
(Фотографиите преземени од Fatmir Bytyqi).

Со жителите на Прилеп и Крушево одржавме фокус група

🗣Со жителите на Прилеп и Крушево дискутираме за нивните потреби и приоритите за подобрување на квалитетот на живот на локалните жени и мажи, со цел креирање родово-одговорни политики и програми.
Активноста е дел од проектот „Родово-одговорно планирање на локално ниво: Случајот со Прилеп и Крушево“ поддржан од Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“ финансирана од Европската Унија и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.

Finance Think учествува во изградбата на ресурси за градење капацитети за партиципативни практики

Finance Think, како членка на меѓународната мрежа People Powered, учествува во изградбата на ресурси за градење капацитети за партиципативни практики преку споделување на своите алатки и искуства од партиципативно буџетирање во земјата.
🔍 На денешната средба дискутиравме за претстојните активности за развој на ресурси и градење капацитети за инклузивни практики за маргинализирани лица.

Finance Think на регионална тркалезна маса

Нашата Благица Петрески учествуваше на дискусијата на тема „Еден пазар за закрепнување по ковид-19: Вишеград-4 во поддршка за промовирање на заедничкиот регионален пазар на економиите од Западниот Балкан“ организирана од Crnogorska panevropska unija / Montenegrin Pan-European Union.