Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан

Денешната панел-дискусија, „Јакнење на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефикасност и усогласување со ЕУ“, обедини разновидна група носители на политики, претставници на јавни институции од Западен Балкан, меѓународни организации, како и актери од истражувачката и граѓанската сфера. Дискусијата истакна дека државната помош често се перципира како техничко или административно прашање, додека во практика таа претставува моќен инструмент на економската политика со директни импликации врз јавните финансии, пазарната конкуренција и довербата на јавноста.

Во рамки на дебатата беше нагласено дека, иако државната помош се покажа како значаен антицикличен инструмент — особено во периоди на криза — нејзината улога не може да се оценува исклучиво преку обемот на издвоените средства. Учесниците потенцираа дека клучниот предизвик е да се обезбеди државната помош да биде добро насочена, ефикасна и усогласена со долгорочните развојни цели и правилата на ЕУ. Неодамнешните регионални трендови укажуваат на сè поизразено разидување во пристапите меѓу земјите, што отвора прашања за кохерентноста, ефективноста и ризикот од ад-хок политики.

Една од клучните поенти од панелот беше критичната важност на транспарентноста и отчетноста. Фрагментираните и нестандардизирани податоци и понатаму го ограничуваат значајното следење и евалуација на државната помош во регионот. Во тој контекст, дискусијата ја нагласи вредноста на новоразвиената регионална платформа за државна помош како практична алатка за поддршка на креирање политики базирани на докази, меѓудржавни споредби и информирана јавна дебата — со крајна цел зајакнување на управувањето и поблиско усогласување со ЕУ во Западен Балкан.

Благица Петрески во ФинСајт: Јавниот долг и економските изгледи во 2026

Македонија повторно се задолжи на меѓународните пазари со издавање на 10-тата еврообврзница, вредна една милијарда евра, со цел сервисирање на доспеаните обврски и стабилизирање на јавните финансии. Но, веќе во наредните месеци се очекува ново задолжување, овојпат преку кредити, за да се обезбедат средства за редовно плаќање на обврските.

Што значи ова за економијата, дали годинава може да се очекува раст или стагнација, како ќе се движи инфлацијата и што може да очекува бизнис-секторот?

Во новата епизода на FinSight, разговараме со Благица Петрески, извршна директорка на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики. Анализираме каде завршуваат буџетските пари, колкав е товарот на јавниот долг, колку е реален проектираниот раст од 3,5 отсто и дали зголемувањето на платите може дополнително да ја подгрее инфлацијата.

Во фокусот се и продуктивноста на работниците, сивата економија, ефектите од проектот „Мој ДДВ“, како и клучните реформи што ѝ се потребни на економијата за одржлив раст и подобар животен стандард.

Нова Студија за политиките 57!

📘 Нова Студија за политиките
Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија.
🔍 Клучни наоди:
🧾 Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку кој ПФМ влијае врз резултатите
🎓 Во образованието, ПФМ не делува директно, туку преку подобрување на техничката ефикасност → повисока опфатеност со предучилишно образование и подобри ученик-наставник соодноси
🏥 Во здравството, подобро буџетско извршување е поврзано со повеќе лекари, повисока DPT имунизација и повисок животен век
📉 Слабата транспарентност и недоволното среднорочно планирање ја ограничуваат ефикасноста на јавната потрошувачка
⚙️ ПФМ е „тивкиот двигател“ на социјалните исходи – без него, ниту зголемените расходи не даваат резултат
📌 Порака за политиките:
Подобрувањето на здравствените и образовните исходи не почнува во училницата или болницата, туку во буџетскиот процес: среднорочно планирање, транспарентност и дисциплинирано извршување.

Обука за следење на јавните набавки на општинско ниво

💡Денес, 12.12.2025, ја одржавме Обуката за следење на јавните набавки, каде 20 претставници на локалните јавни институции, граѓанскиот сектор и медиумите од Прилеп и Крушево, добија нови информации и знаење за правилно следење и спроведување на трошењето на јавните пари.
⏳️ Време е за ефикасно и транспарентно спроведување на јавните набавки!

Вебинар за усогласување на регулативата на државната помош

💻Се одржа првиот Вебинар за усогласување на регулативата на државната помош со правилата на ЕУ, на кој присуствуваа 35+ претставници на јавни институции кои ја контролираат, менаџираат и/или доделуваат државната помош во земјите од Западен Балкан.
📃 Олгица Спевец, експерт за државна помош и политики на конкурентност, го сподели искуството на Хрватска преку практични предизвици и научени лекции во пристапните фази – од перспектива на преговарач за Поглавје 8 и претседател на Хрватскиот совет за конкуренција.

📣 Сакаме да го чуеме Вашето мислење!

Што е клучно за подобрување на квалитетот на живот❓
Ве замолуваме да одвоите 5 минути од Вашето драгоцено време и да нè информирате за вашето задоволство од јавните услуги, со пополнување на прашалникот погоре ☝️

Проф. Марјан Петрески во подкастот „Каде се парите?“

Во подкастот „Каде се парите?“ на Pari.com.mk, професорот Marjan Petreski зборува за предлог-Буџетот 2026:
⚠ Како и во нашиот ФТ Коменар 43 (https://shorturl.at/67wyD), проектирањето на буџетот е во добра насока, но серија фискални ризици остануваат.
❗ Таргетот од 2,5% инфлација е остварлив само ако фискалната политика ја поддржува монетарната, без популистички очекувања за „лесни пари“.
❗ Продуктивноста во јавниот сектор опаѓа, додека во приватниот расте – што е критично за одржлив раст на платите и буџетските приходи.

Our MK-MOD is officially featured on the EUROMOD European map

✅ We are proud that MK-MOD, the Macedonian tax-benefit microsimulation model – developed and maintained by Finance Think – is officially featured on the European models map within EUROMOD 🇪🇺.

With this, MK-MOD stands shoulder to shoulder with the models of the European Union, Norway, Switzerland, the United Kingdom, and other countries that develop modern analytical tools for assessing public policies.

🔎 This recognition confirms that Macedonia, through Finance Think, is building capacities comparable to European standards – enabling better testing, planning, and evaluation of tax, transfer, and social protection policies.

👉 EUROMOD models map: https://euromod-web.jrc.ec.europa.eu/…/euromod-models-map
👉 About MK-MOD: https://www.financethink.mk/…/tax-benefit…/

💡 We continue improving the model and providing strong support for evidence-based policymaking.