Меморандум за соработка со Фискалниот совет
Денес сме горди да објавиме потпишување Меморандум за соработка со Фискалниот совет на Република Северна Македонија!
Овој Совет, основан првпат во 2023 година, игра клучна улога во надгледувањето на #фискалната политика, обезбедувајќи отчетност и транспарентност во користењето на јавните финансии.
Нашата #соработка ќе вклучува заеднички иницијативи во областите на фискалната анализа, одржливоста на јавниот долг, ефикасноста на јавното трошење, мониторингот на капиталните инвестиции и други слични области.
Економијата во време на избори – Благица Петрески зборуваше за Грчката национална телевизија ЕРТ
На актуелни #економски теми за платите, цените и животниот стандард во време на избори и за економските #очекувања на граѓаните, нашата извршна директорка Blagica Beba Petreski зборуваше за грчката национална телевизија ΕΛΛΗΝΙΚΗ ΡΑΔΙΟΦΩΝΙΑ ΤΗΛΕΟΡΑΣΗ – Σύνορα.
Finance Think со почетни активности во Европскиот економски и социјален комитет
Продуктивен почеток на неделата во Брисел! Почетни активности и придонес кон Европскиот економски и социјален комитет (EESC – European Economic and Social Committee). Нашата Извршна директорка Blagica Beba Petreski се сретна со соработниците и партнерите на Finance Think во институциите на Европската Унија во Брисел, Белгија, 22 април 2024.
Учествувајќи на состанокот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), предмет на дискусија беа критичните аспекти на достапноста и адекватноста на услугите сврзани со вода, санитација и хигиена (WASH) за економскиот развој и благосостојбата на домаќинствата. Се гордееме што ги поддржуваме политиките за одржлив развој и подобрување на животниот стандард.
Во интервју за Локално.мк, Благица Петрески зборува на тековни економски теми
Целото интервју е достапно овде.
Finance Think стана партнер на Меѓународното буџетско партнерство
Новата Студија за политиките 51 го испитува фискалниот простор во Западниот Балкан
Колку нè чинеше #кризата со цените на храната и енергијата?
Колку кризите го #ограничија фискалниот простор?
Нашата најнова Студија за политиките донесува преглед и анализа на фискалниот простор во земјите од Западниот Балкан низ последните кризи: пандемијата од Ковид-19 и кризата со цените на храната и енергијата.
Умереното задолжување и делумно стабилните буџетски дефицити пред пандемијата овозможија владите од Западен Балкан да обезбедат голема буџетска #поддршка за справување со пандемиската криза во 2020 и 2021.
Иако знаци на заздравување беа видливи во 2021, фискалниот простор дополнително се #влоши како резултат на гео-политичкиот конфликт помеѓу Русија и Украина.
Резултатите покажуваат дека можноста за имплементација на фискални #пакети е значително одредена од создадениот фискален простор во некризни периоди.
Неопходно е буџетските #резерви да се градат за време на некризни периоди, со цел да се обезбеди простор за интервенција кога е најпотребно.
Во 2022, #субвенциите за електрична енергија за домаќинствата во Северна Македонија достигнаа 3.2% од БДП или 9.2% од јавните расходи.
Наодите укажуваат на намалување на расходите за #здравство и #социјална заштита за сметка на зголемената буџетска поддршка за субвенции за електрична енергија.
Наодите упатуваат на потреба од: . #намалување на субвенциите за електрична енергија до крајот на 2024, придружено со директни трансфери за најранливите домаќинства, што ќе овозможи фискален простор за повеќе и поквалитетни други јавни услуги, како и . #зголемени инвестиции во енергетскиот сектор, придружено со подобрена енергетска ефикасност на страна на потрошувачите.
Линк до целата студија: rb.gy/649l2e
Студијата е создадена со поддршка на SMART Balkans.
⚠️ Ја продолжуваме соработката со Економија и Бизнис, проминентен економски магазин
Во заедничка иницијатива, наодите од нашите #истражувања ќе бидат пренесени во магазинот во кондензирана форма со цел поголемо доближување на резултатите од истражувачката работа и нивната релевантност за политиките до пошироката читателска публика.
Повеќе на овој линк.
Успешно заврши панел дебатата за справувањето со повеќедимензионалната детска сиромаштија
Преку креирано знаење и дијалог со релевантните институции, ги приоритизиравме политики за справување со повеќедимензионалната детска сиромаштија во трите сектори: социјална заштита, здравство и образование.
Мерењето на индикаторите за деца е од клучно значење за следење на ефективноста на мерките и политиките и навремена корекција.
Сиромаштијата на децата е повеќедимензионален проблем и е потребен повеќе секторски пристап.
Иницијативата е во партнерство со UNICEF MK
Активно беа вклучени претставници на Министерство за труд и социјална политика Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës Државен завод за статистика / Enti shtetëror i statistikës Биро за развој на образованието и други институции од релевантните сектори
Повеќе фотографии на линкот: https://shorturl.at/rxyHW