Finance Think стана дел од Европскиот економски и социјален комитет, ЕЕСК

Finance Think стана дел од Европскиот економски и социјален комитет, ЕЕСК (EESC – European Economic and Social Committee)
📣 Во четвртокот, ЕЕСК официјално ја започна својата иницијатива за вклучување на претставниците на #граѓанското општество од земјите кандидати за членство во ЕУ.
🎖 Finance Think e дел од 5️⃣ избрани претставници на граѓанското општество од Северна Македонија, покрај претставниците на работодавачите и работниците (синдикатите).
Како претставници на граѓанското општество од земјите-кандидати, ќе придонесеме во процесот на изготвување избрани #мислења на ЕЕСК и ќе учествуваме во релевантните #студиски групи, на состаноците на секциите и во избрани #пленарни сесии на ЕЕСК.

Наоди од наша #студија на конференција во Приштина

🗣️ Наодите од нашата #студија за нерегистрираните микровршители на економска дејност ги споделивме на конференцијата “Обликување на идната агенда за намалување на #административниот товар во Западен Балкан”, која се одржа во Приштина, Република Косово, 7-8 февруари 2024.
🟡 Европската унија и #германската влада, ОЕЦД/СИГМА и GIZ Kosovo вложуваат во дијалогот за различните фази на реформа за испорака на услуги, со цел да се намалат административните оптоварувања и да се обезбеди висококвалитетни и лесно достапни услуги за бизнисите и граѓаните во #ЗападенБалкан.
Фотокредит: GIZ Kosovo

Во интервју за МРТВ, Благица Петрески зборува на актуелни економски теми.

⚠️ Вториот домашен ризик за инфлацијата е каков #притисок ќе претставуваат општиот пораст на платите и пензиите врз цените. Усогласувањето со трошоците на животот е во ред, тоа само ја зачувува реалната куповна моќ на примателите, но секое зголемување над тоа е ризик во инфлаторно окружување. Легитимно е тоа што го бараат синдикатите дека платите треба значајно да пораснат, и јас со тоа се #согласувам, но на долг рок повеќе плата доаѓа со повеќе #работа и со поголеми #вештини, односно сето тоа ја дефинира #продуктивноста на трудот. Ние патиме од хронично ниска продуктивност на трудот и тоа е главна детерминанта на растот на платите. Да немаме дилема дека секој раст на платите кој го надминува растот на продуктивноста, на долг рок ќе влијае само врз #цените, па со тоа во реални големини животниот стандард и нема да се подобри.

 

Повеќе: https://www.youtube.com/watch?v=G2coqh0KeeY

Две рангирања со независна оценка за нашата работа

⚠ На крајот од 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣, поглед врз две #меѓународни рангирања со независна оценка на нашата работа.
1️⃣ Според Вебометрикс, Finance Think е четврторангиран #истражувачки центар во Северна Македонија, единствениот #економски истражувачки центар на ова рангирање, по Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за земјотресно инженерство при УКИМ и Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје ⏩ bit.ly/3TyVlaV
2️⃣ Според ИДЕАС/Репек при Федералната банка од Ст. Луис – САД, Finance Think е треторангирана институција во групата ‘економски #факултети и #институти’, по Економскиот факултет при УКИМ и Факултетот за бизнис економија при УАКС ⏩ bit.ly/3RKs1N0
#ЕкономскоИстражување #рангирање #FinanceThink

Прегледна студија претставена на конф. од Институтот Аспен Германија

🗣️ Продуктивни дискусии на конференцијата “Дигитализација и демократија”, која во организација на Aspen Institute Germany се одржа во Подгорица, Црна Гора, 10-13 декември 2023, со учесници од Западниот Балкан, Германија и други земји од ЕУ.
🖥️ Нашата Марија Башеска се осврна на тоа како технологијата и дигитализацијата може да се клучни за #економскиот развој, со научени лекции од нашата работа во доменот на #парафискалните давачки. Придонесот на Марија се базира на прегледна студија која Finance Think ја подготви на покана на Институтот Аспен.

Управување со кусоците од работна сила – Конференција во Будимпешта

📖 Нашата неодамнешна #студија за јазовите во занимањата и во платите на Западниот Балкан придонесе кон дискусијата на регионалната конференција “Управување со #кусоците од работна сила во Западниот Балкан”, која се одржува во Будимпешта, Република Унгарија, 12 декември 2023, под покровителство на International Labour Organization.
🗣️ Нашата Blagica Beba Petreski говореше на панелот “Разглобување на кусоците од работна сила – академска перспектива”.
👥 На конференцијата, покрај академската перспектива, застапени се и перспективите на работодавачите и синдикатите од сите земји од Западниот Балкан.

📖 Нашата најнова студија на завршен настан во Тирана

📣 Нашата Извршна директорка, Благица Петрески, ги презентираше најновите наоди од #студијата за непријавената работа, произведена заедно со International Labour Organization / ESAP 2, на завршниот настан „Иновација, учење, акција: Одговори за формализација и подобри работни услови“, во Тирана, Република Албанија, 5-6 декември 2023.

📖 Студијата за политиките бр. 4️⃣9️⃣: „Неформално вработување и непријавена работа во секторот ‘хотели, ресторани и угостителство’: Сознанија од Северна Македонија“, ќе биде објавена наскоро!

Благица Петрески говореше на конф. – 30 години Светска Банка во РСМ

Нашата Извршна директорка, Blagica Beba Petreski говореше на конференцијата по повод 30 години World Bank Republic of North Macedonia: „Инвестирање во луѓето: Како општеството во Северна Македонија да се прилагоди според стареењето на населението?“.
Во панелот: „Инвестиции во човечки капитал за попросперитетно стареење во Северна Македонија“, учествуваа и вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Паоло Бели од одделот за социјална заштита и работни места при Светска банка и Рита Алмеида од одделот за образование при Светска банка.

ФТ Став бр. 60 за деветтиот пакет антикризни мерки

Владата го објави деветтиот пакет антикризни мерки. Планираниот буџетски трошок е 662 милиони евра, а целта е да се заштити животниот стандард на граѓаните, и да се поддржат ликвидноста на компаниите и развојот на економијата. Покрај овој буџет, дополнително се издвоени 3 системски мерки за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и на пензиите, со вкупна вредност за 2023 и 2024 година од 516 милиони евра.

Finance Think смета дека овој пакет антикризни мерки е со зајакната компонента на таргетираност кон граѓани, домаќинства и компании кои се ранливи или имаат оправдана потреба од тековна и структурна поддршка. Сепак, одредени мерки по својот обем, како и одредени мерки кои не се директно поврзани со кризата но помогаат во поглед на нејзините последици, се донесени во време кога земјата влегува во изборен циклус и во време кога инфлациските очекувања остануваат подигнати. Во таа смисла, проценуваме дека таквите мерки носат значајни ризици.

Во продолжение, овој ФТ Став го елаборираме и анализираме квантитативно.

По обем, најновиот антикризен пакет е сличен со претходниот (за 2022 година) кој изнесуваше 760 милиони евра[1]. Сепак, јачината на кризата и фазата во која беше економијата во 2022 споредено со денес се драстично различни. Во текот на 2022 година, енергетската криза го имаше својот врв, како резултат на рекордните цени на примарните производи од храна и енергија. Додека, денес, цената на енергентите и производите од храна на глобалните пазари е стабилизирана или намалена, а домашната понуда на електрична енергија се зголеми. Оттука, ако минатата година имавме акутна состојба и постоеше реално оправдување за обемен пакет антикризни мерки, оваа година се наоѓаме во излезна фаза од кризата. Оттука, вкупниот планиран буџет е несоодветен на моменталната потреба. Истовремено, иако пакетот е наречен антикризен, мерките опфаќаат и цели кои не се директно поврзани со кризата, што може да предизвика погрешна перцепција, особено имајќи предвид дека државата влегува во предизборен период. Во тој поглед, клучната препорака е наместо постојан кризен фокус, во оваа фаза тој да се префрли на градење отпорност и одржливост на економијата.

Од вкупно 26 мерки, 13 се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година, од кои шест се картактеризираат како антикризни мерки, а останатите седум како мерки кои придонесуваат за ублажување на ефектите од кризата, но постоеја или веројатно би постоеле и доколку криза немаше. Потоа, шест се нови мерки кои пружаат времена поддршка на доходот на ранливи категории граѓани и, оттука имаат карактер на нови антикризни мерки; додека, преостанатите четири се нови мерки кои не се директно поврзани со кризата (Табела 1). Забележливо е дека, барем кај мерките кои се директно сврзани со кризата, поединечните буџети се намалени во однос на претходниот пакет, што во голема мера се должи и на постепеното напуштање на линеарните мерки за сметка на таргетираните мерки, што беше поранешна препорака од Finance Think (на пр. види Бриф за политиките бр. 65: Колкава е трансмисијата на меѓународните цени на храната во домашната економија?), но и услов кој земјата го презеде за стекнување на Аранжманот за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд, порано годинава.

Табела 1. Пакет владини мерки од ноември 2023

Претходни антикризни пакети Нов антикризен пакет
Мерки што се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година
Субвенционирање на цената на електрична енергија на регулиран пазар 222.7 милиони евра 35 милиони евра
Субвенционирање на цената на топлинска енергија 17.4 милиони евра 7.4 милиони евра
Програма за енергетска сиромаштија за корисници за ГМП и приматели на социјална пензија 40 милиони евра 5.9 милиони евра
Финансиска поддршка за енергетска сиромаштија преку оглас (МЕ) ~1 милион евра 1 милион евра
Финансиска поддршка на најранливите категории граѓани 8 милиони евра 2.7 милиони евра
Финансиска поддршка на приматели на пониска пензија 12.2 милиони евра 35 милиони евра
Поволни заеми за зголемување на енергетска ефикасност на општините 10.5 милиони евра 10 милиони евра
Поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори и енергетска ефикасност ~1 милион евра 1.1 милион евра
Поволни заеми за мали и средни претпријатија за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија 10 милиони евра 10 милиони евра
Поволна кредитна линија за зелена транзиција во соработка со ЕИБ 100 милиони евра 100 милиони евра
Зелено финансирање на мали и средни претпријатија и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност 45 милиони евра 790.000 евра
Проширување на опсег на компании корисници на гарантна шема од Гарантен фонд на Развојна банка 15 милиони евра 39 милиони евра
МојДДВ / 42.2 милиони евра
Нови антикризни мерки
Финансиска поддршка за зголемување на платите во приватниот сектор во опсегот 3.000 – 9.000 денари / Изгубен фискален приход по основ на придонеси (не е проценет)
Финансиска поддршка за ученици во основно и средно образование / 14.3 милиони евра
Ваучери за превоз на студенти / 2 милиони евра
Ограничување на затезната камата до висина на долгот / /
Намалување на висината на стапката на казнената камата за 3 п.п. за граѓаните со низок доход / /
Намалување на цената на млекото и млечните производи / /
Нови мерки што не се директно поврзани со тековната криза
Авансна исплата на субвенции на 40.000 земјоделци (ИПАРД) / 8.1 милиони евра
Поволна кредитна линија за поддршка на женско претприемништво, дигитализација и проекти со позититивен придонес за животната средина, во соработка со Француска агенција за развој / 50 милиони евра
Поволни заеми за мали и средни претпријатија, создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претприемништво и зелени инвестиции, во соработка со Банка за развој на Советот на Европа / 50 милиони евра
Фонд за енергетска ефикасност за приватниот и јавниот сектор, во соработка со Светска Банка / 5 милиони евра

Извор: Проценка на Finance Think врз основа на соопштенија на vlada.mk

Од аспект на структурата, поддршката само за домаќинствата зафаќа 17% од вкупниот буџет (не вклучувајќи ги субвенциите на цената на електрична и топлинска енергија), додека за компаниите изнесува 74% (Табела 2). Сепак, поддршката за домаќинствата во 2023/24 година е зголемена, што повторно се должи на зајакнување на таргетираната компонента на пакетот. Таргетираните мерки во новиот антикризен пакет за категориите граѓани: ученици, студенти и пензионери кои се ранливи се оправдани. Вкупниот планиран буџет за овие мерки е 70.1 милиони евра и нивното учество во вкупниот пакет е 10.5%.

Вкупниот планиран буџет за компании е зголемен трипати. Сепак, половина од мерките опфаќаат поволни кредитни линии за поддршка на компаниите во износ од вкупно 249.8 милиони евра или 37.7% од буџетот. Овие кредитни линии се најчесто обезбедени од Развојната банка или во соработка со меѓународните финансиски институции (ЕБОР, ЕИБ, Банка за развој на Советот на Европа, Светска Банка и Француската агенција за развој).

Една од клучните мерки за компаниите, а посредно и за вработените, е мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите на работниците во распон од 3.000 до 9.000 денари. Finance Think укажува дека оваа мерка носи ризици од манипулација на основната плата која ќе биде земена како споредбена основа за зголемување на платата. Притоа, неопходно е како споредбена основа да се земат месеци за кои платите се веќе исплатени, односно тоа би биле месеците август, септември и октомври 2023.

Табела 2. Пакети владини мерки во 2022 и 2023/24 година

Претходни антикризни пакети Нов антикризен пакет
Поддршка за домаќинства и земјоделци 80 милиони евра 112.3 милиони евра
Поддршка за компании 155.8 милиони евра 492 милиони евра
Поддршка за компании и домаќинства 385.1 милиони евра* 42.4 милиони евра*
Поддршка за јавен сектор 14.9 милиони евра 14.9 милиони евра
Системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза / 516.2 милиони евра

* Во категоријата мерки за компании и домаќинства спаѓаат и субвенциите за електрична и топлинска енергија

Извор: Пресметки на Finance Think согласно соопштенија на vlada.mk.

Покрај пакетот антикризни мерки, дополнително беа објавени „системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза“ за 2023 и 2024 година, во износ од 516 милиони евра. Овие мерки се состојат од зголемување и усогласување на пензии и на плати во јавниот сектор. За зголемени пензии за над 338,000 пензионери планирани се 278 милиони евра (100 милиони евра за зголемување и 178 милиони евра за усогласување со новата методологија). Како и во ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од август 2023, Finance Think укажува дека порастот на пензиите кој е поголем од законската рамка за усогласување го доведува под ризик трендот на стабилизација на пензискиот систем и долгорочната самоодржливост.

За платите во јавниот сектор се предвидени средства и за зголемување од 10% согласно Општиот колективен договор и за регрес за годишен одмор (52 милиони денари), како и за зголемување на платите во 2024 година од 150 милиони евра. Иако овие мерки се важни за поддршка на животниот стандард на примателите, нивното невнимателно ставање во функција е спротивно на процесот на стабилизација на инфлациските очекувања и може да влијае инфлаторно, со тоа смалувајќи ги напорите на носителите на политиките за поскоро постигнување ниска и одржлива инфлациска стапка. Дополнително, овие мерки се промовираат во време кога земјата влегува во изборен циклус.

 

[1] Досега, за 2023 година не беше објавен конкретен антикризен пакет, но во текот на годината Владата го продолжи субвенционирањето на сметките за електрична и топлинска енергија и обезбеди 100 милиони евра заем за поддршка на ЕСМ. Дополнително, во втората половина од годината беше продолжено замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи.