Идентификација на приоритетите на политиката за конкурентност во Западен Балкан

Целта на проектот е да се идентификуваат и адресираат приоритетите на политиката за конкурентност во секоја од шесте економии од Западен Балкан, отклучувајќи ги можностите за раст за малите и средни претпријатија (МСП) во регионот. Проектот ја поддржува имплементацијата на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан (ЕИП) за периодот 2021 – 2027 година, со цел да се развие и спроведе сеопфатна програма за подобрување на конкурентноста на приватниот сектор во земјите од регионот.

Клиент: Европска банка за обнова и развој.

Државна помош и странски директни инвестиции во земјите од Западен Балкан: Поттикнување на транспарентноста и создавање простор за регионална координација на инвестициските политики

Општата цел на проектот е да се подобри транспарентноста и да се генерираат докази за државната помош поврзана со СДИ во контекст на регионалната интеграција на земјите од Западен Балкан.

Целокупната цел е поделена на следните специфични цели:

  1. Да се идентификуваат (мапираат) програмите за државна помош и клучните мерки и да се поврзат со мерливи индикатори за ефективност,
  2. Да обезбедат докази за државната помош доделена на странски компании во поглед на нејзината ефикасност и поддршка на регионалната интеграција,
  3. Да се зголеми јавната свест на регионално, национално и локално ниво преку влијание на јавниот дискурс за важноста на транспарентноста на државната помош и усогласувањето со барањата на ЕУ и како промотор на регионалната интеграција.

Донатор: Фондации Отворено општество – Западен Балкан

Дијагностика на неформалната економија во Северна Македонија

Целта на акцијата е да се дијагностицира неформалната економија, да се прецени нејзината големина и големината/важноста на нејзините различни аспекти, потпирајќи се на податоците од даночната администрација. Со тоа, акцијата ќе создаде патоказ на дејствија и насока на ресурсите кои ќе дадат максимален резултат.

Донатор: Меѓународна организација на трудот

Времетраење: Септември – декември 2023

Совршена бура: Прехранбената и енергетската несигурност ги загрозува економиите на Западен Балкан

Главната цел на проектот е да генерира докази и да поттикне дијалог на политиките за прехранбената и енергетската несигурност во економиите на Западен Балкан, релевантни за четири клучни фронтови: егзистенција на домаќинствата, конкурентност на фирмите, фискален простор и регионална интеграција.

Continue reading

Отворен Балкан: Слободно регионално движење на работната сила во услови на недостиг од квалификувани работници?

Целта на проектот е да оцени како слободното движење на (квалификуваната) работна сила во Иницијативата Отворен Балкан ќе влијае врз пазарот на труд во Северна Македонија, а со тоа да поттикне аргументирана дебата и прилагодување на политиките за максимизирање на користите и минимизирање на ризиците.

Специфичните цели вклучуваат:

  • Генерирање знаење за тоа како слободното движење на (квалификуваната) работна сила вградено во Иницијативата Отворен Балкан ќе влијае врз пазарот на труд во земјава;
  • Поттикнување јавна дебата за користите и предизвиците од прашањето, базирана на докази;
  • Придонес кон економските политики поврзани со пазарот на труд и билатералните договори за социјално осигурување, во контекст на имплементацијата на барањата од оваа Иницијатива.

Донатор: Фондација Отворено општество Македонија

Времетраење: Септември 2022 – Септември 2023

Студија за испитување на побарувачката за зелено и социјално финансирање во Северна Македонија

Целта на оваа студија е да се спроведе дијагноза – пазарни анализи на секторите со висок потенцијал во Северна Македонија од зелена и социјална гледна точка и да се процени пазарниот потенцијал за нови развојни кредитни линии.

Клиент: Француската развојна агенција

Партнер: ГФА Консултантска група

Aкција за формализирање на микро-вршители на економска дејност во неформалната економија

Целта на оваа акција е да се зголеми формализацијата на микро-фирми во Северна Македонија, односно на вршители на економска дејност во неформалната економија. Оттука, акцијата ја адресира правната неформалност. Поконкретните цели на акцијата вклучуваат:

  1. Да ги разбере причините за неформалноста на микро-вршителите на дејност во неформалната економија (високи давачки, висок административен товар, мала веројатност да бидат откриени, слаба информираност за бенефитите од формализација итн.)
  2. Да ја разбере дејноста на неформалните микро-вршители на дејност
  3. Да дизајнира мапа/листа на сите давачки, вклучително и парафискални давачки, сврзани со основањето микро-бизнис и со неговото водење во почетните години
  4. Да предложи: а) план за намалување на трошоците за фирмализација на микро-вршители на дејност, вклучително и рационализација на давачките идентификувани во 3; и б) мерки на политиките (фискални, трудови, информирање) кои ќе поттикнат поголема формализација на микро-вршителите на дејност.

Клиент: ГИЗ Северна Македонија

V4 поддршка за промовирање на Заедничкиот регионален пазар на ЗБ6: Еден пазар за закрепнување по Ковид-19

Проектот се фокусира на споделување искуства, пренесување знаење и препораки за понатамошна регионална економска интеграција преку развој на Заедничкиот регионален пазар на ЗБ6, користејќи искуства од поранешната ЦЕФТА и В4 по интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ.

Continue reading

Анализа на состојбата со финансирањето на ОРЦ

Целта на Анализата на финансискиот пејзаж на одржливите развојни цели (ОРЦ) е да ги мапира сите финансиски текови, со цел да ги идентификува потенцијалните пристапи и активности што можат да придонесат за ефикасно користење на постојните ресурси за достигнување на ОРЦ и поголемо усогласување и инвестиции од развојните партнери за приоритетите за одржлив развој.

Донатор: УНДП