Остварување на потенцијалот на извозно ориентирани компании да придонесат за закрепнување по Covid-19

Проектот има за цел да ги идентификува потенцијалите на извозно ориентирани капацитети, вклучително и веќе постоечките странски инвеститори во земјата, за поддршка на економското закрепнување пост-Ковид-19.

Специфични цели:

  • Да се идентификуваат капацитетите за прилагодување и пренасочување на тековното производство според променетата побарувачка (ново работење, компоненти, комплементарни производи, итн.)
  • Да ги идентификува потенцијалите за регионално репозиционирање и користење на глобалната стратегија за поместување на географската распределба и намалување на трошоците
  • Да се идентификуваат потенцијалите за инјектирање на капитал што матичната компанија ќе ги направи на компанијата-ќерка во земјата (да ги префрли операциите од други географски локации или да го измени тековното производство, итн.).
  • Да се идентификуваат пречките за извоз и раст
  • Да се идентификуваат потребите за економски мерки што ќе ги максимизираат идентификуваните потенцијали.

 

Времетраење: септември 2020 – март 2021

Донатор: Британска амбасада – Скопје

 

Промовирање докази и дијалог за зајакнување на ефектот од државната помош врз благосостојбата на потрошувачите во Северна Македонија

Целта на акцијата е да се промовираат докази и да се поттикне дијалог за улогата на државната помош за благосостојбата на потрошувачите во Северна Македонија.

Специфичните цели на акцијата вклучуваат:

  • Да се разберат постојните форми на државна помош во Северна Македонија и нивната (заемна) конзистентност во рамките на целокупното монополско законодавство и законодавството на ЕУ;
  • Да се обезбедат цврсти докази за тоа дали државната помош ја нарушува конкуренцијата на пазарот, со примена на најголемата владина програма за субвенционирање на приватни компании;
  • Да се подобри дијалогот меѓу засегнатите страни, како и да се подигне јавната свест, за државната помош, усогласувањето со законодавството на ЕУ и благосостојбата на потрошувачите.

 

Со постигнување на овие цели, акцијата значително ќе придонесе за зајакнување на улогата на државната помош за конкуренцијата на пазарот и, оттука, на благосостојбата на потрошувачите.

 

Времетраење: Февруари 2020 – Февруари 2021

Донатор: Balkan Trust for Democracy – Norwegian Embassy Belgrade

 

Заедничка анализа на земјата – економски и социјални трендови

Целта на проектот е да изврши синтеза на постојното знаење во областа на економски, социјалните и развојните трендови и политики во Северна Македонија, да ги идентификува групите од населението кои се најмногу заостанати во поглед на серија развојни индикатори, да идентификува кратко- и среднорочни ризици, како и јазови во знаењето и податоците, се` во контекст на одржливите развојни цели.

 

Нарачател: Канцеларија на резидентниот координатор на ОН

Времетраење: Ноеври 2019 – Март 2020

 

Институционален трансфер на знаење за да се поддржи (брза?) Европеизација на Северна Македонија

Целта на проектот е да го подигне Finance Think на ново меѓународно / европско ниво на развој, за да може да обезбеди рационализирање на европските економски вредности и динамика во националната економија, како и да може стабилно да интерактира со актерите на ЕУ кои се релевантни во овој домен.

Следејќи ја главната цел на проектот, специфичните задачи се позиционирани на три столба:

  1. Овозможување партнерства со релевантни врсници од ЕУ, како и пристапување кон релевантни чинители за економска политика на ниво на ЕУ, за да научи како еден тинк-тенк може да се вклучи во процесите на европеизација во сопствената земја, како и да постави основа за идна соработка со западните врсници во заеднички иницијативи;
  2. Понатамошно зајакнување на истражувачкиот капацитет на ФТ, преку учење од врсници од ЕУ и транспонирање на нивните најдобри практики во внатрешната регулатива;
  3. Подигање на комуникацискиот и застапничкиот капацитет на ФТ за комуникација на меѓународно ниво.

 

Донатор: Фондации отворено општество – Берлинска канцеларија

Времетраење: ноември 2019 година – ноември 2020 година

 

Одржлив економски раст преку промовирање алтернативни туристички атракции

Главната цел на проектот е подобрување на локалниот економски развој преку промовирање развиени алтернативни туристички атракции.

Индиректните очекувани придобивки вклучуваат развој на нови локални брендови и неконвенционални туристички атракции за регионите кои на долг рок ќе ги зајакнат како туристички дестинации, ќе привлечат повеќе туристи и со тоа ќе го зголематдоходот и ќе ги промовираат локалните традиционални вредности како клуч за намалување на сиромаштијата и за инклузивен економски раст.

 

Донатор: Амбасада на САД

Период: Септември – Декември 2019