Автори: Деспина Туманоска, Бојана Јосифовска, Марјан Петрески
Институционален трансфер на знаење за да се поддржи (брза?) Европеизација на Северна Македонија
Целта на проектот е да го подигне Finance Think на ново меѓународно / европско ниво на развој, за да може да обезбеди рационализирање на европските економски вредности и динамика во националната економија, како и да може стабилно да интерактира со актерите на ЕУ кои се релевантни во овој домен.
Следејќи ја главната цел на проектот, специфичните задачи се позиционирани на три столба:
- Овозможување партнерства со релевантни врсници од ЕУ, како и пристапување кон релевантни чинители за економска политика на ниво на ЕУ, за да научи како еден тинк-тенк може да се вклучи во процесите на европеизација во сопствената земја, како и да постави основа за идна соработка со западните врсници во заеднички иницијативи;
- Понатамошно зајакнување на истражувачкиот капацитет на ФТ, преку учење од врсници од ЕУ и транспонирање на нивните најдобри практики во внатрешната регулатива;
- Подигање на комуникацискиот и застапничкиот капацитет на ФТ за комуникација на меѓународно ниво.
Донатор: Фондации отворено општество – Берлинска канцеларија
Времетраење: ноември 2019 година – ноември 2020 година
Студија за политиките 23: Aнализа на обезбедувањето социјални услуги на локално ниво: Резултати од мониторингот на општинит Прилеп и Долнени
Одржлив економски раст преку промовирање алтернативни туристички атракции
Главната цел на проектот е подобрување на локалниот економски развој преку промовирање развиени алтернативни туристички атракции.
Индиректните очекувани придобивки вклучуваат развој на нови локални брендови и неконвенционални туристички атракции за регионите кои на долг рок ќе ги зајакнат како туристички дестинации, ќе привлечат повеќе туристи и со тоа ќе го зголематдоходот и ќе ги промовираат локалните традиционални вредности како клуч за намалување на сиромаштијата и за инклузивен економски раст.
Донатор: Амбасада на САД
Период: Септември – Декември 2019
Летна школа „Анализа на податоци за јавните политики“
Главната цел на летната школа е да се обезбедат знаења, вештини и совети за анализа на податоци кои ќе се користат во анализата и оценувањето на јавните политики од страна на напредни студенти на додипломски студии, магистерски студенти, кандидати за докторски студии и млади научници од областа на економијата. Темата на летната школа е “Анализа на податоци за јавна политика”.
Летната школа ќе се фокусира на градење квантитативни вештини во следните домени:
- Основна регресија и претпоставки кои лежат во основата на класичниот модел на линеарна регресија
- Дијагностичко тестирање
- Вовед во анализа на податоци со Stata (основни команди, визуализации, вкрстени табели)
- Примена на основите на регресија за пресметување на родовата разлика во платите
- Селекција во економетријата: моделот на Хекман
- Селекција во економетријата: Повторени импутации (симулациски вежби)
- Декомпозиција на Оаксака-Блајндер
- Квинтална регресија
- Вовед во анализа на податоци користејќи Р
- Мешани линеарни модели
Учесниците ќе имаат можност да ги научат знаењата директно во Stata и R, водени од истакнати регионални научници, вклучително и интерактивни и динамични дискусии.
Донатор: Фонд за Западниот Балкан
Партнери: Школата за бизнис и економија при Универзитетот во Сараево и Научно-истражувачкиот центар при Универзитетот во Белград
***
Повик за апликации
Студија за политиките 22: Aнализа на младинската подвработеност во Северна Македонија, Црна Гора и Србија
Буџетирање одговорно кон Ромите во Северна Македонија
Целта на проектот е да ги пилотира насоките за буџетирање кои се однесуваат на Ромите преку градење на капацитетите на државните службеници, избирање буџетски програми и примена на насоките, што ќе резултира со два поднесока до буџетот за 2020 кои се однесуваат на Ромите.
Донатор: Регионален Совет за Соработка
Времетраење: Април – Јуни 2019
Студија за политиките 21: Анализа на јавните трошења за здравствена заштита за деца во земјата
Студија за политиките 20: Анализа на јавните трошења за образование и за социјална заштита на децата во земјата
Капацитет и иновација на туристичките услуги за одржлив локален економски развој – Нов пристап преку развој на алтернативни туристички атракции
Севкупната цел на проектот е подобрување на локалниот економски развој преку градење капацитети на локалните засегнати страни вклучени во ланецот на туристичка понуда, зголемен квалитет на услугите и развој, лансирање и продажба на алтернативните туристички атракции.
Индиректните очекувани придобивки вклучуваат развој на нови локални брендови и неконвенционални туристички атракции за регионите, коишто на долг рок ќе ги зајакнат регионите како туристички дестинации, ќе привлечат повеќе туристи, а со тоа и поголеми приходи и ќе се промовираат локалните традиционални вредности како клуч за намалување на сиромаштијата и за инклузивен економски раст.
Оваа општа цел е поделена на посебни цели коишто вклучуваат конкретни интервенции на три фронта:
- Специфична цел 1: Економски да се поттикнат општините преку подобрување на вештините и зајакнување на капацитетите на локалните засегнати страни (даватели на туристички услуги, бизнис сектор, невладини организации) за: комуникација, испорака на услуги, услужна култура / однесување, лидерство во туризам, брендирање, промоција и туристички насоки;
- Специфична цел 2: Да се развијат алтернативни туристички атракции кои промовираат традиционална култура и еколошки аспекти на општините;
- Специфична цел 3: Да се лансираат и да се промовираат развиени алтернативни туристички атракции во пет дестинации, и да се развие голема мрежа на врски помеѓу локалните, регионалните и националните чинители.
Донатор: Проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) (Светска банка & ЕУ)
Времетраење: Јануари – Септември 2019
Тендери
Повик за експерт – Услови за работење




