Трипартитна средба за првите заклучоци сврзани со апетитот за #зелено финансирање

1️⃣ Потребата за зелено финансирање расте како резултат на растечките трендови и свесност, но моментално најмногу поради притисоците од тековната енергетска криза
2️⃣ Социјалното финансирање има помал простор, но може да биде значаен комплементар на зеленото финансирање, со посебен нагласок на родовата перспектива
3️⃣ Повеќе пречки во системот бараат систематски и навремен пристап за да го максимизираат ефектот од поголемо финансирање на зелени инвестиции
Ова се главните #заклучоци од нашето сондирање на апсорптивната моќ на македонскиот пазар за нови зелени и социјални кредити, кои денес ги претставивме на трипартитна средба. Анализата ја спроведуваме заедно со нашиот партнер GFA Consulting Group GmbH, со поддршка од AFD – Agence Française de Développement.

Започната нашата #регионална иницијатива WEBecon

Нова иницијатива во која се вклучени шест влијателни економски тинк-тенкови од Западен Балкан беше промовирана денеска. Мрежата ја инаугуриравме преку стратешка работилница чија галерија можеше да се види овде.

Кои се главните мотиви да се води #нерегистрирано претпријатие?

аклучоците од нашата студија која дава одговор на ова прашање, заедно со сет #препораки, денес ги претставивме пред работната група за справување со #сивата економија при Министерство за финансии/Ministria e Financave/Ministry of Finance.
Студијата за политиките ќе биде објавена наскоро.
Проектот е поддржан од GIZ North Macedonia.

Колкав е пазарниот апетит за #зелени и #социјални кредитни линии во земјава?

Денес одржавме почетен состанок за подготовка на Студија за испитување на просторот за структуирање на зелена и социјално-ориентирана програма на Развојна банка на Северна Македонија АД, со главниот партнер GFA Consulting Group GmbH, a со поддршка од AFD – Agence Française de Développement.

Finance Think, дел од глобалната коалиција за поинклузивна демократија

Finance Think станува дел од новата глобална иницијатива предводена од People Powered и финансирана од National Endowment for Democracy. Додека владините реформатори се’ повеќе обезбедуваат учество на јавноста во одлучувањето, маргинализираните групи премногу често се изоставени или исклучени. Ова го ограничува влијанието на демократските иновации. Програмата ќе ја направи партиципативната демократија поинклузивна за младите, жените и раселените лица (вклучувајќи бегалци, имигранти и внатрешно раселени лица).

Активностите на иницијативата, кои се протегаат до првиот квартал на 2024 година, ќе вклучуваат:

  • Работилници и состаноци меѓу организациите членки на People Powered кои имаат моќ за да ги идентификуваат најдобрите практики да ја направат демократијата партиципативна.
  • Креирање онлајн курсеви и ресурсни материјали за да им се помогне на организациите да ги имплементираат најдобрите практики.
  • Развој на мултимедијални приказни кои го оживуваат човечкото влијание на оваа работа, за да убедат повеќе влади и организации да го направат учеството поинклузивно.

Повеќе за проектот на следниот линк.