🔛 На 12 и 13 ноември во Сараево, нашата економистка Марија Башеска учествуваше на регионалната конференција “Think SMART: Rethinking the Old-School Funding Approach“, која беше посветена на преосмислување на моделите на финансирање и зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во Западен Балкан. Учеството на оваа конференција беше одлична можност да се разменат практики, да се слушнат различни перспективи и да се зајакне регионалната соработка. #civilsociety #RegionalCooperation #WesternBalkans
Finance Think на конференција за зелената индустриска иднина во Тирана
Учeствувавме на регионалната дискусија „Унапредување на зелената индустриска иднина на Западниот Балкан”, која се одржа на 3 ноември во Тирана.
Благица Петрески ги сподели завршните согледувања на настанот.
По енергетската криза, темата за енергетска транзиција сè повеќе добива економски третман, таа не е повеќе само прашање на околина, туку прашање на конкурентност, индустриско преструктурирање и долгорочна економска отпорност на земјите во регионот. 

Клучната порака што ја истакнавме:
„Не треба да ја чекаме следната криза за да ја забрзаме промената; потребно е адаптибилноста да ја институционализираме.“
Настанот беше организиран од Instituti GAP и Open Society Foundations Western Balkans со учество на клучни истражувачи, носители на политики и претставници на организации од Западен Балкан.
За наодите од нашите скорешни истражувања, Благица Петрески говореше во Топ тема
Марија Башеска на конференција за структурните промени на Западниот Балкан
Нашата Марија Башеска учествува на конференцијата „Структурни промени во регионот на Западен Балкан“, која се одржува од 27 до 29 октомври во Тирана, во организација на Aspen Institute Germany.
Конференцијата обединува експерти, истражувачи и носители на политики од регионот и Европа кои дискутираат за структурни промени во областа на пазарот на труд, дигитализацијата, енергетиката, и миграцијата во Западен Балкан.
Средба на мрежата WEBecon Network во Подгорица
На маргините на настанот се одржа средба на мрежата, на која дискутиравме за тековните активности, идните патеки и можностите за унапредување на регионалната економска соработка.
ВЕБЕКОН продолжува да ја гради својата улога како платформа за истражување, анализа и регионална соработка, со заедничка визија – Западен Балкан како подобро место за живеење, работа и напредок.
Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата
Finance Think организираше средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата на тема „Праведна енергетска транзиција: Кои се придобивките, а кои ризиците“. Клучните заклучоци се:
osf_western_balkans Open Society Foundations Instituti GAP
Во интервју за Слободен печат, Благица Петрески, зборува за тековни економски прашања
Finance Think на вториот настан за макро-врсничко учење
Настанот се одржа во Подгорица на 29–30 септември и ги обедини експертите од министерствата за финансии, централните банки, фискалните совети и тинк-тенковите за дискусија на следните теми:
Голема благодарност за можноста за плодна и инспиративна размена на знаења и искуства!
Завршна церемонија во ЕЕСК
Во Брисел, под слоганот Stand up for democracy, speak up for Europe, се одржа завршната церемонија на мандатот на претседателот Оливер Ропке на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ).
Дискусија со чинители од заедницата за праведна енергетска транзиција
Акцијата ја спроведуваме заедно со нашите партнери од WEBecon Network, Instituti GAP од Косово, со поддршка од Open Society Foundations Western Balkans.









