Активно вклучување на граѓаните во креирање и мониторинг на локалниот буџет и јавните набавки

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на надворешните чинители (граѓани, граѓански организации и локални медиуми) во процесите на креирање и мониторинг на локалните буџети и јавните набавки.

Главните активности на проектот вклучуваат: 1) Анализа на постоечките буџетски документи, практики и граѓанско вклучување; 2) Креирање препораки за носителите на политики; 3) Градење капацитети за спроведување и следење на локалните јавни набавки; и 4) Активности за застапување во јавноста.

Вака предвидените активности, се очекува да резултираат во: 1) Формирана квалитативна оценка за изготвувањето и транспарентноста на локалните буџети во трите општини; 2) Запознати клучните чинители со потребата за реформа на процесот на изготвување и публикација на буџетските документи; 3)Изградени капацитети на граѓанското општество, локалните медиуми и јавната администрација за спроведување и мониторинг на јавните набавки; 4) Зголемена јавна свест за потребата и можноста за учество на граѓанското општество во процесот на креирање на локалните буџети и за начинот на кој се трошат општинските пари.

 

Времетраење: 2017-2018 (12 месеци)

Донатор: Проектот WEBER преку Институтот за Европски Политики, Скопје

 

Родово-одговорен буџет на град Скопје

Целта на ова истражување е да ги идентификува јазовите во родовите политики и во имплементацијата на родово-сензитивен буџет на Град Скопје, како и да даде соодветни препораки за надминување на јазовите.

Истражувањето ќе даде потесен осврт на економскиот аспект на овие политики. Истражувањето ќе биде во три насоки: анализа на постоечки политики и имплементација, пристап до јавни услугии пазар на труд (градинки, училишта и здравствени услуги), родово сензитивно буџетирање.

 

Времетраење: септември – ноември 2016

Донатор: Центар за истражување и креирање политики

 

Локален развој или тековна потрошувачка: За која намена се трошат општинските пари?

 

Главна цел на проектот е да се зголеми транспарентноста и ефикасноста на употребата на буџетските средства на општините.

Краткорочни цели се:

  • Зголемување на информираноста на граѓаните за трошењето на буџетските средства во општинити;
  • Зголемување на информираноста и свесноста на граѓаните за ефикасноста на трошењето на буџетските средства во нивната општина во споредба со други општини;
  • Идентификување на целите за кои се трошат буџетските средства: развојни цели или тековна потрошувачка.

Истражувањето опфаќа 15 најголеми, според жители, општини во Македонија.

 

Донатор: Фондација Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ и Реактор, во рамки на ИПА Рамката за Граѓанско Општество.

Времетраење: 2014 (5 месеци)

 

Веб алатка  “Следи ги парите

Анализа – Работен материјал

Бриф за политиките бр. 8: Локален развој или тековна потрошувачка: За која намена се трошат општинските пари?