Обука за финансиска транспарентност, парафискални давачки и јавни набавки

🧑‍🏫 Финансиската транспарентност, парафискалните давачки и јавните набавки во општините беа теми на првата обука од програмата за јакнење на капацитетите на локалните чинители, испорачана од проф. Борче Треновски. Претставници од локалните администрации, организации и активисти учествуваа на оваа динамична и интерактивна онлајн сесија, преку која стекнаа нови знаења, но и дискутираа за постоечките проблеми на локално ниво.
 
Активноста ја реализира нашиот партнер AGORA, во рамки на проектот за финансиска транспарентност на општините, финансиран од Delegation of the European Union, Skopje, а имплементиран од Finance Think, Agora, Квантум Прима и ЛАГ Агро Лидер.

Раскажете ни ја вашата #шампионска приказна

Децата кои растат во скромни околности, а кои подоцна постигнуваат натпросечни успеси – како професионалци во бизнисот, спортот, науката, уметноста, медицината, новинарството итн. – се нарекуваат #шампиони.

Доколку вие сте шампиoн или познавате шампион и имате желба да ја споделите инспиративната #приказна во видео кое ќе го подготвиме за да го мотивираме општеството да поддржи шампиони, пополнете го следниот формулар: shorturl.at/lJKUW

Нашите препораки во Извештај на Стејт департментот

Finance Think веќе алармираше и даде сугестии за дел од констатациите на Стејт Департментот за инвестициската клима во Северна Македонија во рамките на Студија бр. 33: Потенцијалот на извозноориентираните компании да придонесат за економско закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија, со што би се надминале ограничувањата и искористиле потенцијалите на извозноориентираните компании во земјата.

Ја продолжуваме соработката со општините

Општина Боговиње е една од 21 општина која ќе изработи регистар на #парафискални давачки и ќе ја подигне финансиската транспарентност.
Денес, потпишавме Меморандум за соработка во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, поддржан од Delegation of the European Union, Skopje.

Учество на работилница во рамките на проектот WeBER 2.0

Нашата Сандра Соколенко-Тодороска учествува на работилницита за грантисти во рамки на проектот ВеБЕР 2.0: Зајакнување на граѓанското општество од Западен Балкан за реформирана јавна администрација, која се одржува во периодот 7- 9 јули во Маврово во организација на Институт за европска политика (ЕПИ).

Прочитајте го нашиот најнов ФТ Став бр. 53 за намерата да се воведе 🌎 еколошка такса

1️⃣ Еколошката такса ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво (инфлацијата) кој би се движел од 0.15 до 0.3 проценти.
2️⃣ Иако релативно мал, ценовниот ефект не треба да се потценува. Препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, и тоа: 1.5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022.
3️⃣ Силно препорачуваме да се креира Фонд за зелена транзиција кој ќе осигури дека средствата навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција.
4️⃣ Препорачуваме Владата да го отвори прашањето за финансирање на зелената транзиција за поширока дебата и консултации, вклучително и за алтернативните модели за финансирање.