Дали мајчинството објаснува дел од родовиот јаз во платите во Македонија?

Целта на ова истражување е да го оцени придонесот на мајчинскиот јаз во платите за родовиот јаз во платите во Македонија, по разгледување на карактеристиките на работниците и селективната пристрасност на пазарот на трудот, за делот од населението во доба на одгледување деца.

Особено, имаме за цел да оцениме до која мера природната улога на жените да раѓаат и да имаат деца потенцијално влијае врз родовиот јаз во платите. Неодамнешната студија (Петрески и др. 2014), го оцени приспособениот родов јаз во платите во Македонија на 5,7%. Сепак, мајчинството се уште може да објасни некој дел од овој јаз и прелиминарните описни анализи сугерираат дека тоа, најверојатно, го прави јазот пристрасен нагоре. Ова укажува на тоа дека откако ќе се земе предвид мајчинскиот јаз во платите, необјаснетиот родов јаз во платите во Македонија (дискриминаторската плата) може да биде дури и помал. Литературата изобилува со анализи на родовиот јаз корегиран за селективноста и мајчинскиот јаз во платите, поединечно, но спојувањето на двете литератури, како и оценката на овие јазови заедно и во исто време со корекција на селективноста, е ретко. Оттука, ова истражување користи нов методолошки пристап. Имено, јазовите ќе ги оцениме со импутирање на платите на невработените и неактивните, со претпоставување на позицијата на нивната плата во однос на медијалната плата. Потоа импутираните примероци ќе бидат споредени со основниот примерок и ќе се добие големината на пристрастноста поради селективноста. Прилично стандардните Хекман оценки ќе бидат прикажани за споредба. Потоа ќе се примени Блајндер-Оахака декомпозиција на импутираните примероци, за да се разграничи објаснетиот и необјаснетиот дел од родовиот и мајчинскиот јаз во платите, давајќи слика за придонесот на вториот во првиот. Не-параметарски алтернативи на декомпозицијата ќе се искористат како проверки на стабилноста на наодите. Ќе се користи Анкетата на приходи и услови за живеење (2010).

 

Донатор: CERGE-ЕИ и Глобалната мрежа за развој (RRC-15)

Времетраење: 1 година (2015)

 

***

Презентација на Работилницата на ЦЕРГЕ-ЕИ / ГДН во Прага, Август 16-17, 2015.

Работен материјал

 

Миграцијата како социјална заштита: Анализа на македонски, албански и српски домаќинства што примаат дознаки

Целта на истражувањето е да се испита дали дознаките испратени во Македонија, Албанија и Србија служат како социјална заштита за оставените членови на домаќинството.

Анализираме дали и како дознаките влијаат врз социјалната состојба (стабилност или ранливост) на домаќинството, опишана преку индекс составен  од доходот/примањата, работниот статус, исраната, здравјето и условите на домувањето. За целите на студијата, имаме за цел да ја дефинираме социјалната стабилност / ранливост не во традиционална смисла – само како “долар на ден” – туку во однос на способноста на домаќинствата да ги задоволат своите основни потреби покрај примањата: исхрана, здравствена заштита, домување, рекреација и слично. Ова допира до она што Green (2014) го забележа: “да се биде сиромашен и болен е многу различно од да се биде сиромашен и здрав”, и ја дефинира социјалната стабилност во оваа мултидимензионална рамка.

Клучните задачи вклучуваат:

  • развивање преглед на литературата што ги поврзува дознаките од странство со социјалната заштита и социјалната ранливост;
  • осмислување показател за социјалната ранливост;
  • економетриско испитување на причинско-последична поврзаност меѓу дознаките и социјалната ранливост;
  • длабинско квалитативно истражување преку интервјуа на врските контекстите на двата феномени (дознаки и социјална ранливост);
  • осмислување предлози за политики;
  • широка комуникација со креаторите на политиките и јавноста.

 

Донатор: Регионална Програма за Унапредување на Истражувањето

Времетраење: 2 години (2014-2016)

 

***

Проектна средба, Рим, 2-5 април 2015 – Агенда – Галерија

Појавување во медумите – Економски хоризонти – РеволуционерМК

Презентација на РРПП Годишна конференција, Охрид, 28-29 Мај 2015 – Ресурси

Тркалезна маса, 10 јуни 2015 – Покана– Agenda – Галерија– Презентација

Меѓународна конференција на Евроазиските Економии, 9-11 Септември 2015, Казан Русија – Презентација – Proceedings

Обука & Проектна средба, Амстердам, 16-20 март 2016 – Агенда – Галерија 1 2

Работилница “Миграцијата и нејзините последици за Албанските домаќинства”, Eлбасан, Aлбанија, 8 септември 2016 – Агенда

EBES Меѓународна конференција, Виена, Австрија, 28-30 септември 2016 – Слика

Економски форум, Скопје, 22 септември 2016 – Агенда– Галерија

 

***

Брифови за политиките – Македонија– Албанија– Србија

Меѓународна книга ”Миграцијата како социјална заштита”

Труд во списанието Меѓународна миграција

 

Симулација на ваучер политика за подобрување на социјалните услови на индивидуални приматели на дознаки во Македонија

Целта на истражувањето е да се развие симулација на потенцијален ваучер систем за социјална заштита на индивидуални членови на домаќинството што прима дознаки во Македонија.

Конкретни цели:

  • да спроведе анализа за Македонија на индивидуално ниво (користејќи ја DotM Анкетата за дознаки 2008)
  • да развие економетриски модел;
  • да изведе симулација за ефектите од потенцијален ваучер за заштита на социјално ранливи индивидуални приматели на дознаки, преку симулирање на ефектите врз индикаторот за здравје на примателот.

 

Донатор: Партнерство за економски политики

Времетраење: 2014-2015 (1 година)

 

***

Бриф за политиките – ENG – MK

Работен материјал

Конференција за политиките – Покана – Галерија

Труд во списание

 

Економско истражување денес за подобри политики утре

Општата цел на овој проект е да го изгради капацитетот на Асоцијацијата за економски истражувања, застапување и донесување политики “Finance Think” за поддршка на носителите на економските политики да носат кредибилни одлуки, врз основа на наоди од истражувања и аргументи базирани на квантификација, како и да ја подигне дебатата во општеството за економските процеси и реформи.

 

Провајдер: Think Tank Fund (Open Society Foundations)

Времетраење: 1 година (2014-2015)

 

Зајакнување на жените во Крушево преку мини здружување за продажба и промоција на традиционални производи

Целта на проектот е да се подобри животниот стандард и социјалната вклученост, и да се намали сиромаштијата во Крушево, преку здружување (мини-кластеринг) на жените за производство и продажба на локални, домашни, традиционални, еколошки, и производи од домашна ракотворба.
Краткорочните цели вклучуваат:

  • Поттикнување на социјалното вклучување и интеракција преку здружување на индивидуалните производители, невработени домаќинки;
  • Промовирање на свеста за инвестирање во своите вештини за извлекување од сиромаштија и подобрување на животот;
  • Воспоставување систем за производство и промоција на локалните производи и производите од домашна ракотворба, со цел да се поттикне и да се зголеми производството, продажбата и промоцијата;
  • Јакнење на свеста меѓу креаторите на политиките за потребата од мини-здружување на индивидуалните производители на традиционална храна, како алатка за промовирање на локалниот економски раст и подобрување на социо-економските услови.

 

Донатор: Амбасадата на САД во Скопје

Времетраење: 2014-2015 (12 месеци)

 

Повик за учесници

Апликација за учество

Обука за производни, маркетинг и продажни вештини – Галерија 1 – Галерија 2 – Галерија 3

Учество на Новогодишниот базар “Craft Art Fest” – Галерија

Саем „Домашно е, од Крушево е…“ – Галерија

 

Внимавајте на јазот помеѓу буџетските ставки и програмите од Националната стратегија за намалување на сиромаштијата

Целта на проектот е да ја зголеми ефективноста и искористеноста на програмите за намалување на сиромаштијата, преку зголемување на транспарентноста на буџетските ставки поврзани со неа и информираноста на граѓаните за нив.

Краткорочни цели:

  • Идентификување и мапирање на слабите точки на поврзување помеѓу буџетските ставки и програмите за намалување на сиромаштијата;
  • Зголемување на информираноста и свесноста на граѓаните за програмите за намалување на сиромаштијата за кои тие може да се подобни;
  • Зголемување на информираноста на граѓанскиот и истражувачкиот сектор за ефективноста на реализацијата (буџетското трошење) на програмите за намалување на сиромаштијата.

 

Донатор: USAID и Фондација Отворено Општество Македонија

Времетраење: 2013-2014 (10 месеци)

 

***

 

Бриф за политиките: “Како да се зголеми ефективноста и искористеноста на програмите за намалување на сиромаштијата?”

Одговор од Министерството за труд и социјална политика

Мини-интервју за националната двојазична Алсат-М

Тематски Графометрикс

Статија за магазинот „Лице в Лице“

 

 

 

 

Прирачник: Внимавајте на јазот меѓу буџетските ставки и програмите од Националната стратегија за намалвање на сиромаштијата MKD верзија – АЛБ верзија

Тематска интернет страница: www.siromastija.mk

 

 

 

 

Анализа на родовиот јаз во платите кога жените се високо неактивни: Докази од повторени импутации со Македонски податоци

Целта на ова истражување е да се испита дали родовиот јаз во вработувањето може да го објасни родовиот јаз во платите и да развие веб-базирана развојна алатка за да се справи со родовата нееднаквост во платите во Македонија.

Македонскиот пазар на труд се карактеризира со релативно голема родова нееднаквост во вработеноста, заедно со значителна родова нееднаквост во платите. Овие нееднаквости се зголемуваат при пониски нивоа на образование. Целта на ова истражување е да се испита дали родовиот јаз во вработувањето може да фрли малку повеќе светло врз родовиот јаз во платите. Особено ниско-до-средни квалификуваните жени во Македонија може да влијаат врз родовиот платен јаз поради нивната неактивност, што може да се должи на одгледувањето деца, неплатени семејни работнички, високата резервациска плата и дознаките што ги добиваат од машки мигранти. Овој проект предлага да се истражат овие аспекци со проценка на родовиот платен јаз прилагоден за карактеирстиките на работниците и со корегирана селективна пристрастност на оценките за различни нивоа на вештини во Република Македонија. Емпирискиот приод ќе се базира на симулирање на распоредот на платите што би преовладал ако изборот да се работи е целосно случаен. Како иновативен пристап кон ова прашање, ќе искористиме техники на алтернатива импутација кои не бараат претпоставки на реалното ниво на платите што недостасуваат во распоредот, што обично се бара во пристапот на мечирање, ниту пак бараат произволни исклучувачку ограничувања присутни во двофазниот Хекманов модел за избор на примерок. На ниво на политики, прашањето доби на значење и Владата одговори со формирање комисии за еднакви можности на национално и локално ниво, но проблемот на родовата (платна и вработувачка) дискриминација не е решен. Нашето истражување може да фрли нова светлина врз ова прашање и да помогне во 1) осмислување поцелосна стратегија за еднакви можности за вработување, и, уште поважно, 2) воспоставување на ЕдПлаКо-МК како веб-алатка која ќе служи како стандард за помош на работодавачите (јавни и приватни) да развијат најдобри практики за фер вработување и надоместок.

 

Донатор: Глобална мрежа за развој и Владата на Јапонија

Времетраење: 2013-2015 (две години)

 

***

Труд во Journal of Labor Research

ЕдПлаКо-МК веб алатка

Видео – Родовиот јаз во платите во Македонија низ перспективата на 5 жени

EдПлаКо-MK: Алатка за поголема родова еднаквост во платите во Македонија

Целта на проектот е да развие онлајн механизам/алатка и да покрене свесност за поголема праведност во плаќањата помеѓу мажите и жените во Македонија.

Краткорочни цели:

  • Да изгради интернет платформа ЕдПлаКо-МК, на којашто секоја индивидуа и институција ќе може, врз база на своите карактеристики, да ја оцени сопствената плата;
  • Да го популаризира ЕдПлаКо-МК помеѓу фирмите и државните институции во Македонија, како „етикета“ чие стекнување ќе го обележи работодавецот како фер плаќач;
  • Да дизајнира мини прирачник за користење на ЕдПлаКо-МК и истиот да го дисеминира до вработените и индните вработени, со што ќе ја зголеми неговата полуларност на индивидуално ниво;
  • Да лобира за вградување на лиценцирањето кај ЕдПлаКо-МК кај владините институции (главно, во Стратегијата за родова еднаквост).

 

Донатор: Програма за развој на Обединетите Нации

Времетраење: 2014 (6 месеци)

 

***

ЕдПлаКо-МК веб алатка

Видео – Родовиот јаз во платите во Македонија низ перспективата на 5 жени