Анализа на младинската под-вработеност во Македонија, Црна Гора и Србија

Целта на студијата е да ја опише под-вработеноста на младите и да го испита нејзиниот ефект врз личната благосостојба во трите земји. Особен третман ќе биде направен на родот. Со тоа, студијата цели да го донесе прашањето на агендата на носителите на политиките и да формулира идеи за политиките што ја адресираат под-вработеноста.

Методолошки, прво ја поставуваме под-вработеноста како функција од личните и карактеристиките на пазарот на трудот. Се потпираме на Хекман модели – бинарни и подредени – за да ја надминеме потенцијалната селективна пристрасност во под-вработеност. За подредениот случај, го користиме ЦМП оценувачот. Потоа, ја регресираме личната благосостојба на под-вработеноста и карактеристиките на работникот. Со оглед дека благосостојбата е латентна променлива, се потпираме на МИМИК модел. За да ја надминеме потенцијалната ендогеност на под-вработеноста, специфицираме и трета регресија во моделот во која набљудуваните променливи и егзоген инструмент влијаат врз под-вработеноста. Просечната локална/општинска плата во времето кога лицете станало (под)вработено се користи како инструмент.

Ги користиме Анкетите за премин од училиште кон работа (2014-2015).

 

Донарот: Партнерството за економски политики

Времетраење: 2017-2019

 

“Мои пари, моја одговорност”: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија

Севкупната цел на проектот е да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и да се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари.


Посебните цели / задачи на проектот вклучуваат:

  • Зголемување на учеството на локалните заинтересирани страни – граѓанското општество, бизнис заедницата, граѓаните, локалните медиуми – во процесите на локално буџетирање;
  • Зголемување на свеста на локалното население за тоа како трошење на општинските пари влијае на квалитетот на нивниот живот;
  • Зголемување на кредибилитетот и ефикасноста на одлуките на локалните власти во врска со трошењето на јавните пари, како и подигање на свеста за (потребата од) транспарентност во врска со тоа.

За постигнување на целите на проектот, 6 членови на мрежата FISCAST (плус Finance Think) ќе ја претставуваат суштината на целата мрежа во овој проект. Тие беа внимателно избрани од редот на мрежата FISCAST, врз основа на два критериуми: 1) Членови на FISCAST кои имале искуство со одредени општини; и 2) Членови на FISCAST кои имале пристојна соработка со Finance Think (и во рамките на мрежата воопшто) во минатото (во однос на квалитетот на испораки, навременоста, одговорноста и така натаму). Следниве членови на FISCAST обезбедија писмена согласност и овие се почетните општините што ќе бидат опфатени:

  • Квантум Прима – Кавадарци, за покривање: Кавадарци, Неготино
  • Институт ЗИП – Скопје, за покривање: Сарај, Ѓорче Петров
  • Егри Граѓански Центар за одржлив развој – Крива Паланка, за покривање на две или три од: Крива Паланка, Куманово, Старо Нагоричане
  • Иницијативен Глас – Прилеп, за покривање: Прилеп, Кривогаштани
  • Институт ИМАПКТ- Скопје, за покривање: Струмица
  • Центар за управување со промени (ЦУП) – Скопје, за покривање: Центар, Ѓорче Петров (заедно со ЗИП)
  • Finance Think: Крушево, Центар (заедно со ЦУП)

 

Времетраење: Мај 2017 – Мај 2020

Донатор: USAID Civic Engagement Project преку East West Management Institute

 

Поттикнување економска дебата во Македонија, заснована на докази и водена од податоци

Општа цел на оваа акција е да произведе позитивна општествена промена преку зајакнување на економската дебата во Македонија, базирана на докази од спроведени истажувања и водена од економски податоци.

Специфичната цел е да ги оспособи конституентите на ФТ за вклучување во робустна економска дебата и да предложи палета од начини за поттикнување и водење критична и аргументирана економска дебата. Акцијата цели кон постигнување на следните резултати:

  1. Конституентите на ФТ имаат стекнати вештини и знаења за вклучување во и водење на економската дебата, и вештини за вклучување податоци и докази во заеднички каузи.
  2. Економската дебата во Македонија станува покритична, поаргументирана, пожива и поразновидна, и се` почесто вклучува ГО и други актери на граѓанското општество. и
  3. Информираноста на ГО и јавноста во економската дебата станува ажурирана, повеќестрана и тематски поразновидна.

Активностите на акцијата се групирани околу погорните три резултати. Првиот резултат ќе се постигне преку следните активности: работилници за секоја од целните групи, за методи за анализа, синтеза, толкување, визуелизација и користење економски податоци; формирање консултативна група помеѓу ФТ и клучните носители на економски политики, како и работна средба со Советодавниот одбор на ФТ и граѓанските организации, со цел координација и план за подигнување на свесноста и изготвување предлози за користењето на економските податоци и наоди; објавување конкурс за најдобар есеј на темите од ФТ. Вториот резултат ќе се постигне преку следните активности: годишна панел дебата, тркалезна маса, кратки видеа на економски теми, коавторирање и менторирање економска емисија/текст во медиумите, гостување на економските факултети, производтво на графикони, инфографикони, ГИФ-ови, како и учество во медиумите преку кратки изјави и интервјуа. Третиот резултат ќе се постигне преку следните активности: подготовка и публикација на прирачник за методи за анализа на економски податоци, надградба на аналитичките публикации на ФТ, како и ре-таргетирање на дисеминацијата на аналитичките публикации.

 

Времетраење: Мај 2017 – Јули 2018

Донатор: Цивика Мобилитас

 

***

Конкурс за есеј од млади економисти

 

Техничка помош за локалните заводи за вработување и социјални центри

Целта на проектот е да обезбеди техничка помош на Агенцијата за вработување за спроведување три различни мерки за вработување на локално ниво.

 

Донатор: Меѓународната организација на трудот

Времетраење: мај – декември 2017 година

 

Коруптивните практики му штетат на економскиот раст во Македонија

Целта на ова истражување за политиките е да идентификува коруптивни практики кои влијаат врз економијата во Македонија, и да понуди реални веќе-спроведени слични мерки во ЕУ за справување и сузбивање на овие видови практики.

Методот со кој се спроведува студијата на политиките е квантитативна анализа врз основа на податоци што ја доловува корупцијата и неформалните практики. Овој вид истражување е едно од првите што спроведува квантитативна анализа на тоа како корупцијата влијае врз економскиот раст во Македонија. Една од основните задачи на оваа студија е да обезбеди докази врз основа и анализа на податоци, кои ќе оопнудат објективен преглед на тоа како корупцијата всушност влијае врз економијата. Покрај тоа, овој преглед обезбедува вистински и објективни препораки за политиките за намалување на корупцијата врз основа на непристрасни и објективни анализи.

 

Донатор: ТРЕИН е финансиран од Министерството за надворешни работи на Германија и се спроведува од Германскиот совет за надворешни односи (ДГАП) со седиште во Берлин.

Времетраење: март – декември 2017 година

 

Активно вклучување на граѓаните во креирање и мониторинг на локалниот буџет и јавните набавки

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на надворешните чинители (граѓани, граѓански организации и локални медиуми) во процесите на креирање и мониторинг на локалните буџети и јавните набавки.

Главните активности на проектот вклучуваат: 1) Анализа на постоечките буџетски документи, практики и граѓанско вклучување; 2) Креирање препораки за носителите на политики; 3) Градење капацитети за спроведување и следење на локалните јавни набавки; и 4) Активности за застапување во јавноста.

Вака предвидените активности, се очекува да резултираат во: 1) Формирана квалитативна оценка за изготвувањето и транспарентноста на локалните буџети во трите општини; 2) Запознати клучните чинители со потребата за реформа на процесот на изготвување и публикација на буџетските документи; 3)Изградени капацитети на граѓанското општество, локалните медиуми и јавната администрација за спроведување и мониторинг на јавните набавки; 4) Зголемена јавна свест за потребата и можноста за учество на граѓанското општество во процесот на креирање на локалните буџети и за начинот на кој се трошат општинските пари.

 

Времетраење: 2017-2018 (12 месеци)

Донатор: Проектот WEBER преку Институтот за Европски Политики, Скопје

 

Студија за политиките 6: Големината и ефектите од иселувањето и дознаките во Западниот Балкан: Прогнозирање брз основа на Делфи процес

Автори: Марјан Петрески, Благица Петрески, Деспина Туманоска, Едлира Наразани, Фатуш Казази, Гаљина Огњанов, Ирена Јанковиќ, Арбен Мустафа, Тереза Кочовска

Пресметка на одржливото ниво на Македонскиот јавен долг

Целта на овој проект е да се произведе веродостојни проценки на одржливо ниво на Македонскиот државен и јавен долг.

Специфичноста на проектот вклучува ангажирање економист кој се стекнал со магистерски или докторски студии во Западна Европа или САД и кој е подготвен да помине шест месеци во Finance Think. Економистот ќе биде одговорен за следниве задачи:

  • Пресметка на одржливото ниво на македонскиот јавен долг;
  • Продуцирање студија за политиките, бриф за политиките и инфографик на темат;
  • Вклучување во други истражувања и активности за застапување на Институтот;
  • Вклучување во административни работи и организирање настани.

 

Донатор: Тинк-тенк фонд – Програмата за развој на млади професионалци

Времетраење: 6 месеци (2016-2017)

 

Бриф за политиките бр. 16 – Дали Македонските државен и јавен долг се одржливи?

Студија за политиките бр. 7 – Пресметка на одржливоста на Македонскиот државен долг