Летна школа „Анализа на податоци за јавните политики“

Главната цел на летната школа е да се обезбедат знаења, вештини и совети за анализа на податоци кои ќе се користат во анализата и оценувањето на јавните политики од страна на напредни студенти на додипломски студии, магистерски студенти, кандидати за докторски студии и млади научници од областа на економијата. Темата на летната школа е “Анализа на податоци за јавна политика”.

Летната школа ќе се фокусира на градење квантитативни вештини во следните домени:

  • Основна регресија и претпоставки кои лежат во основата на класичниот модел на линеарна регресија
  • Дијагностичко тестирање
  • Вовед во анализа на податоци со Stata (основни команди, визуализации, вкрстени табели)
  • Примена на основите на регресија за пресметување на родовата разлика во платите
  • Селекција во економетријата: моделот на Хекман
  • Селекција во економетријата: Повторени импутации (симулациски вежби)
  • Декомпозиција на Оаксака-Блајндер
  • Квинтална регресија
  • Вовед во анализа на податоци користејќи Р
  • Мешани линеарни модели
    Учесниците ќе имаат можност да ги научат знаењата директно во Stata и R, водени од истакнати регионални научници, вклучително и интерактивни и динамични дискусии.

 

Донатор: Фонд за Западниот Балкан

Партнери: Школата за бизнис и економија при Универзитетот во Сараево и Научно-истражувачкиот центар при Универзитетот во Белград

 

***

Повик за апликации

Операционализација на Стратегијата за мониторинг и евалуација 2018-2020 и воспоставување систем за оценка на учинокот и ефикасноста на вработените

Општата цел на проектот е понатамошно јакнење на капацитетите на Finance Think за транспарентно и отчетно работење.

Специфичните цели на проектот вклучуваат:

  • да го унапреди процесот на мониторинг и евалуација во Finance Think, преку операционализација на Стратегијата за МЕ 2018-2020, и
  • да дефинира и воспостави процес на оценка на учинокот и ефикасноста на вработените во институтот.

 

Донатор: Македонски центар за меѓународна соработка Времетраење: Јули 2018 – Декември 2019

 

 

Поттикнување економска дебата во Македонија, заснована на докази и водена од податоци

Општа цел на оваа акција е да произведе позитивна општествена промена преку зајакнување на економската дебата во Македонија, базирана на докази од спроведени истажувања и водена од економски податоци.

Специфичната цел е да ги оспособи конституентите на ФТ за вклучување во робустна економска дебата и да предложи палета од начини за поттикнување и водење критична и аргументирана економска дебата. Акцијата цели кон постигнување на следните резултати:

  1. Конституентите на ФТ имаат стекнати вештини и знаења за вклучување во и водење на економската дебата, и вештини за вклучување податоци и докази во заеднички каузи.
  2. Економската дебата во Македонија станува покритична, поаргументирана, пожива и поразновидна, и се` почесто вклучува ГО и други актери на граѓанското општество. и
  3. Информираноста на ГО и јавноста во економската дебата станува ажурирана, повеќестрана и тематски поразновидна.

Активностите на акцијата се групирани околу погорните три резултати. Првиот резултат ќе се постигне преку следните активности: работилници за секоја од целните групи, за методи за анализа, синтеза, толкување, визуелизација и користење економски податоци; формирање консултативна група помеѓу ФТ и клучните носители на економски политики, како и работна средба со Советодавниот одбор на ФТ и граѓанските организации, со цел координација и план за подигнување на свесноста и изготвување предлози за користењето на економските податоци и наоди; објавување конкурс за најдобар есеј на темите од ФТ. Вториот резултат ќе се постигне преку следните активности: годишна панел дебата, тркалезна маса, кратки видеа на економски теми, коавторирање и менторирање економска емисија/текст во медиумите, гостување на економските факултети, производтво на графикони, инфографикони, ГИФ-ови, како и учество во медиумите преку кратки изјави и интервјуа. Третиот резултат ќе се постигне преку следните активности: подготовка и публикација на прирачник за методи за анализа на економски податоци, надградба на аналитичките публикации на ФТ, како и ре-таргетирање на дисеминацијата на аналитичките публикации.

 

Времетраење: Мај 2017 – Јули 2018

Донатор: Цивика Мобилитас

 

***

Конкурс за есеј од млади економисти

 

Застапување за економски политики базирани на докази и поттикнување критичка економска дебата во Македонија


Главната цел на овој проект е понатамошно да го зајакне организацискиот капацитет на Институтот за економски истражувања и политики “Finance Think” во поддршката на носителите на економските политики да испорачаат кредивилни политики базирани на истражувачки наоди, како и да ја поттикне дебатата во општеството за економските процеси и реформи.

 

Донатор: Think Tank Fund (Open Society Foundations)

Времетраење: 2 години (2016-2018)

 

Економско истражување денес за подобри политики утре

Општата цел на овој проект е да го изгради капацитетот на Асоцијацијата за економски истражувања, застапување и донесување политики “Finance Think” за поддршка на носителите на економските политики да носат кредибилни одлуки, врз основа на наоди од истражувања и аргументи базирани на квантификација, како и да ја подигне дебатата во општеството за економските процеси и реформи.

 

Провајдер: Think Tank Fund (Open Society Foundations)

Времетраење: 1 година (2014-2015)