Родово-одговорен буџет на град Скопје

Целта на ова истражување е да ги идентификува јазовите во родовите политики и во имплементацијата на родово-сензитивен буџет на Град Скопје, како и да даде соодветни препораки за надминување на јазовите.

Истражувањето ќе даде потесен осврт на економскиот аспект на овие политики. Истражувањето ќе биде во три насоки: анализа на постоечки политики и имплементација, пристап до јавни услугии пазар на труд (градинки, училишта и здравствени услуги), родово сензитивно буџетирање.

 

Времетраење: септември – ноември 2016

Донатор: Центар за истражување и креирање политики

 

“Heroes and she-roes”: Знаење за анализа и застапување за еднакви плаќања на жените и мајките во Македонија (SHE-ROES)

Целта на овој проектот е точно да се измери родовиот јаз во платите (разликата во платите меѓу мажите и жените) и мајчинскиот јаз во платите (разликата во платите помеѓу мајките и бездетните жени) во Македонија и да се застапуваат решенија овие јазови.Во претходните истражувања е докажано дека Македонија се соочува со родов и мајчински јаз во плата од 12,5% и 8,7%, соодветно. Сепак, голем дел од жените остануваат надвор од пазарот на трудот и затоа не може да се земат предвид кога се пресметуваат овие јазови (бидејќи за нив нема набљудувана плата). Ова ги прави горенаведените бројки неточни, бидејќи веројатно е дека жените кога остануваат надвор од пазарот на трудот, тие не се случајно избрани да не работат. Оттука, главен предизвик е да се стекне знаење за правилно пресметување на јазовите во платите, односно економетриско (техничко) знаење за решавање на селективноста на пазарот на трудот.

Проектот предвидува активности во три столба:

  1. Професионален развој преку градење капацитет и директен трансфер на знаење.
  2. Заеднички истражувања.
  3. Градење на мрежи за застапување, промоција и соработка после проектниот циклус

 

Донатор: Know-how Exchange Program  – Австрија преку Централноевропската иницијатива

Партнер во проектот (давател на know-how): Виенски институт за меѓународни економски студии

Времетраење: ноември 2015 – јануари 2017

 

***

Видео – Родовиот јаз во платите во Македонија низ перспективата на 5 жени

 

Почетна средба, Виена, 21-22 декември 2015 – Агенда – Галерија

Обука “Економетриски методи за анкетни податоци”, Виена, 28-30 јануари 2016 – Агенда – Галерија

Истражувачки престој, Виена, 31 јануари – 3 февруари 2016 – Агенда

Работен состанок во Федералното Министерство за образование и жени, Виена, 1 февруари 2016 – Галерија

Конкурс за цртеж и стрип– Flyer – Call – Галерија и наградени

Работилница „Родов и мајчински јаз во платите: Политики, податоци и економетриски методи“, Скопје, 5 јули 2016 – Повик – Галерија

Тркалезна маса „Жените на пазарот на труд: Стереотипи и предизвици“, Скопје, 6 јули 2016 – Покана и агенда – Press release – Галерија

Истражувачки престој, Виена, 19 – 24 септември 2016 – Агенда – Галерија

Истражувачки семинари посетени во wiiw (Галерија):

  • “Иновативна истрајност и модели на раст на фирми” Дарио Гуарашио од Универзитетот во Рим “Сапиенца”, 19 септември 2016
  • “За иднината на Европската Монетарна Унија (ЕМУ): Таргетирани реформи наместо поголема фискална интеграција” Ана Иара, Европска Комисија – Генарален Секретеријат, 20 септември 2016
  • „Просторот за индустриска политика во Европа“, Марио Пианта, 22 септември 2016
  • “Скромно закрепнување во Истокот – нова неизвесност поради Брегзит, економските односи на Австрија со регионот и долгорочните структурни промени во ЦЕСЕЕ земјите” Марио Холзнер, 23 септември 2016
  • „Поврзаноста во Централна Азија“ – меѓународна работилница, 15-16 декември 2016.

Работен состанок со родов експерт во Виенскиот универзитет за економија и бизнис, Виена, 22 септември 2016 – Галерија

Истражувачки престој, Виена, 14-15 декември 2016 – Агенда

Економски форум: „Родово еднакви плати за повисок економски раст“ – Скопје, 30 јануари 2017 – Агенда– Галерија– Родово одговорни компании

 

***

ФТ Коментар бр. 10 на економските аспекти на Националната Стратегија за родова еднаквост 2013 – 2020

Инфо-графикон

Шоукарта за застапување

Бриф за политиките бр. 15: Родовиот јаз во платите му штети на економскиот раст

Надградба на ЕдПлаКо-МК

Прирачник за правилна пресметка на јазовите

 

Визуелизација на родовиот јаз во платите во Македонија: Демистификација на платите и застапување за намалување на јазот

Целта на овој проект е да се подигне свеста за родовата дискриминација во платтите во Македонија.

Проектот се базира на тековен проект и се состои од два столба: i) пресметување на родовиот јаз во платите во Македонија, откако ќе се земат предвид карактеристиките на работниците и селективната пристрасност; и ii) градење на EdPlaKo-МК веб алатката која им овозможува на поединците да ги тестираат своите родово-неутрални плати, а на компаниите да ги тестираат своите платни систем против родова дискриминација. Основната цел на овој проект се состои од визуелизација на родовиот јаз во платите во Македонија, која ќе биде додадена на сајтот EdPlaKo-МК, како и преку два флаери, така како што ќе понуди дополнителни информации за родовиот јаз во платите на ниво на сектор, занимање, возраст, искуство и образование, и понатаму ќе го промовира EdPlaKo-МК.

 

Траење: 7 месеца (2015)

Донатор: TTF Open Society Foundations

 

***

Веб алатка ЕдПлаКо-МК

Флаер 1 – Денот на жената, галерија

Експертско мислење во „Лице в Лице“

Флаер 2 – Дисеминација преку месечникот „Економија и Бизнис“

 

***

Видео – Родовиот јаз во платите во Македонија низ перспективата на 5 жени

 

Поттикнување женска самоодржливост преку вградување традиционални вредности во алтернативни туристички атракции во Крушево

Главната цел на проектот е да ја подобри самоодржливоста на жените преку развивање алтернативни туристички атракции од нивните вештини за традиционално, домашно и еколошко производство: везови, плетеници, мармалади од диво овошје, кори и тарана, природен чај и слично.

Активностите на проектот се предвидуваат: обука на жените од Крушево за вештини за претприемништво, промоција и продажба на традиционални производи, проширување и зајакнување на мини-кластерот развиен во рамки на претходниот проект, развивање три алтернативни туристички атракции што вклучуваат традиционални вредности, и промотивна кампања што ги вклучува манифестацијата “Денови на алтернативни туристички атракции во Крушево” и Саемот “Домашно е, од Крушево е… “. Вака дизајниран, проектот нуди иновативен начин на комбинирање на социјалното претприемништво и одржливиот туризам, во индивидуален бизнис модел за женска самодоволност.

 

Донатор: Амбасада на САД во Скопје

Времетраење: 2015-2016 (10 месеци)

 

***

Повик за учество на жените Октомври 2015– Повик – Апликација

Работилница за дизајнирање алтернативни туристички атракции, Крушево, 25-26 декември 2015 – Галерија

Пилотирање на „Ботаничка тура“ и „Плантажа со аронија“, Крушево, 28 Мај 2016 – Галерија

Пилотирање на „Црквите од Крушево и Влашка куќа – религија, уметност, бои“ Крушево, 05 Јуни 2016 – Галерија

Брошура: “Крушево е поубаво пеш…”

Видео: “Крушево е поубаво пеш…”

Крушевска жена – Фан страница

Тура: Ботаничка прошетка, Kрушево, 30 јули 2016 – Галерија

Тура: Плантажа со аронија, Kрушево, 30 јули 2016 – Gallery

Саем на традиционални, домашни еколошки производи “Домашно е, од Крушево е…”, Kрушево, 31 јули 2016 – Gallery

Тура: “Црквите од Крушево и Влашка куќа: религија, уметност, бои”, Kрушево, 31 јули 2016 – Gallery

 

Дали мајчинството објаснува дел од родовиот јаз во платите во Македонија?

Целта на ова истражување е да го оцени придонесот на мајчинскиот јаз во платите за родовиот јаз во платите во Македонија, по разгледување на карактеристиките на работниците и селективната пристрасност на пазарот на трудот, за делот од населението во доба на одгледување деца.

Особено, имаме за цел да оцениме до која мера природната улога на жените да раѓаат и да имаат деца потенцијално влијае врз родовиот јаз во платите. Неодамнешната студија (Петрески и др. 2014), го оцени приспособениот родов јаз во платите во Македонија на 5,7%. Сепак, мајчинството се уште може да објасни некој дел од овој јаз и прелиминарните описни анализи сугерираат дека тоа, најверојатно, го прави јазот пристрасен нагоре. Ова укажува на тоа дека откако ќе се земе предвид мајчинскиот јаз во платите, необјаснетиот родов јаз во платите во Македонија (дискриминаторската плата) може да биде дури и помал. Литературата изобилува со анализи на родовиот јаз корегиран за селективноста и мајчинскиот јаз во платите, поединечно, но спојувањето на двете литератури, како и оценката на овие јазови заедно и во исто време со корекција на селективноста, е ретко. Оттука, ова истражување користи нов методолошки пристап. Имено, јазовите ќе ги оцениме со импутирање на платите на невработените и неактивните, со претпоставување на позицијата на нивната плата во однос на медијалната плата. Потоа импутираните примероци ќе бидат споредени со основниот примерок и ќе се добие големината на пристрастноста поради селективноста. Прилично стандардните Хекман оценки ќе бидат прикажани за споредба. Потоа ќе се примени Блајндер-Оахака декомпозиција на импутираните примероци, за да се разграничи објаснетиот и необјаснетиот дел од родовиот и мајчинскиот јаз во платите, давајќи слика за придонесот на вториот во првиот. Не-параметарски алтернативи на декомпозицијата ќе се искористат како проверки на стабилноста на наодите. Ќе се користи Анкетата на приходи и услови за живеење (2010).

 

Донатор: CERGE-ЕИ и Глобалната мрежа за развој (RRC-15)

Времетраење: 1 година (2015)

 

***

Презентација на Работилницата на ЦЕРГЕ-ЕИ / ГДН во Прага, Август 16-17, 2015.

Работен материјал

 

Зајакнување на жените во Крушево преку мини здружување за продажба и промоција на традиционални производи

Целта на проектот е да се подобри животниот стандард и социјалната вклученост, и да се намали сиромаштијата во Крушево, преку здружување (мини-кластеринг) на жените за производство и продажба на локални, домашни, традиционални, еколошки, и производи од домашна ракотворба.
Краткорочните цели вклучуваат:

  • Поттикнување на социјалното вклучување и интеракција преку здружување на индивидуалните производители, невработени домаќинки;
  • Промовирање на свеста за инвестирање во своите вештини за извлекување од сиромаштија и подобрување на животот;
  • Воспоставување систем за производство и промоција на локалните производи и производите од домашна ракотворба, со цел да се поттикне и да се зголеми производството, продажбата и промоцијата;
  • Јакнење на свеста меѓу креаторите на политиките за потребата од мини-здружување на индивидуалните производители на традиционална храна, како алатка за промовирање на локалниот економски раст и подобрување на социо-економските услови.

 

Донатор: Амбасадата на САД во Скопје

Времетраење: 2014-2015 (12 месеци)

 

Повик за учесници

Апликација за учество

Обука за производни, маркетинг и продажни вештини – Галерија 1 – Галерија 2 – Галерија 3

Учество на Новогодишниот базар “Craft Art Fest” – Галерија

Саем „Домашно е, од Крушево е…“ – Галерија

 

Анализа на родовиот јаз во платите кога жените се високо неактивни: Докази од повторени импутации со Македонски податоци

Целта на ова истражување е да се испита дали родовиот јаз во вработувањето може да го објасни родовиот јаз во платите и да развие веб-базирана развојна алатка за да се справи со родовата нееднаквост во платите во Македонија.

Македонскиот пазар на труд се карактеризира со релативно голема родова нееднаквост во вработеноста, заедно со значителна родова нееднаквост во платите. Овие нееднаквости се зголемуваат при пониски нивоа на образование. Целта на ова истражување е да се испита дали родовиот јаз во вработувањето може да фрли малку повеќе светло врз родовиот јаз во платите. Особено ниско-до-средни квалификуваните жени во Македонија може да влијаат врз родовиот платен јаз поради нивната неактивност, што може да се должи на одгледувањето деца, неплатени семејни работнички, високата резервациска плата и дознаките што ги добиваат од машки мигранти. Овој проект предлага да се истражат овие аспекци со проценка на родовиот платен јаз прилагоден за карактеирстиките на работниците и со корегирана селективна пристрастност на оценките за различни нивоа на вештини во Република Македонија. Емпирискиот приод ќе се базира на симулирање на распоредот на платите што би преовладал ако изборот да се работи е целосно случаен. Како иновативен пристап кон ова прашање, ќе искористиме техники на алтернатива импутација кои не бараат претпоставки на реалното ниво на платите што недостасуваат во распоредот, што обично се бара во пристапот на мечирање, ниту пак бараат произволни исклучувачку ограничувања присутни во двофазниот Хекманов модел за избор на примерок. На ниво на политики, прашањето доби на значење и Владата одговори со формирање комисии за еднакви можности на национално и локално ниво, но проблемот на родовата (платна и вработувачка) дискриминација не е решен. Нашето истражување може да фрли нова светлина врз ова прашање и да помогне во 1) осмислување поцелосна стратегија за еднакви можности за вработување, и, уште поважно, 2) воспоставување на ЕдПлаКо-МК како веб-алатка која ќе служи како стандард за помош на работодавачите (јавни и приватни) да развијат најдобри практики за фер вработување и надоместок.

 

Донатор: Глобална мрежа за развој и Владата на Јапонија

Времетраење: 2013-2015 (две години)

 

***

Труд во Journal of Labor Research

ЕдПлаКо-МК веб алатка

Видео – Родовиот јаз во платите во Македонија низ перспективата на 5 жени

EдПлаКо-MK: Алатка за поголема родова еднаквост во платите во Македонија

Целта на проектот е да развие онлајн механизам/алатка и да покрене свесност за поголема праведност во плаќањата помеѓу мажите и жените во Македонија.

Краткорочни цели:

  • Да изгради интернет платформа ЕдПлаКо-МК, на којашто секоја индивидуа и институција ќе може, врз база на своите карактеристики, да ја оцени сопствената плата;
  • Да го популаризира ЕдПлаКо-МК помеѓу фирмите и државните институции во Македонија, како „етикета“ чие стекнување ќе го обележи работодавецот како фер плаќач;
  • Да дизајнира мини прирачник за користење на ЕдПлаКо-МК и истиот да го дисеминира до вработените и индните вработени, со што ќе ја зголеми неговата полуларност на индивидуално ниво;
  • Да лобира за вградување на лиценцирањето кај ЕдПлаКо-МК кај владините институции (главно, во Стратегијата за родова еднаквост).

 

Донатор: Програма за развој на Обединетите Нации

Времетраење: 2014 (6 месеци)

 

***

ЕдПлаКо-МК веб алатка

Видео – Родовиот јаз во платите во Македонија низ перспективата на 5 жени