360o мониторинг на обезбедувањето социјални услуги на локално ниво: Искуства од општините Прилеп и Долнени

Општа цел на проектот е подобрување на испораката на социјалните услуги на локално ниво, преку зголемување на капацитетите на локалните засегнати страни и вклучување на граѓаните во овој процес, во општините Прилеп и Долнени.

Краткорочни цели на проектот се:

  1. Да го анализира и мониторира обезбедувањето социјални услуги од локалните јавни институции од сите аспекти (оттука, 360o мониторинг), со клучен акцент врз ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп.
  2. Да осознае во која мера обезбедувањето јавни услуги е потпомогнато од приватниот и граѓанскиот сектор.
  3. Да го процени степенот на соработка на локалните засегнати страни и јавните установи што испорачуваат социјални услуги.
  4. Да ги разбере перцепциите и искуствата на локалното население во однос на испораката на социјалните услуги.
  5. Да ги поттикне носителите на локални политики да донесуваат информирани одлуки базирани на докази.
  6. Да ги зајакне капацитетите на сите засегнати страни за поквалитетна испорака на социјални услуги.
  7. Да ја зголеми јавната свест за влијанието на социјалните услуги врз личната и општествената благосостојба.

Времетраење: Ноември 2018 – Март 2019

Донатор: Европска Унија преку Фондацијата Отворено Општество Македонија и Еуротинк

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress