Главната цел на анализата е да генерира длабинска мапа за различните аспекти на сиромаштијата кај децата и да воспостави здрави и темелни емпириски докази.
Следење на проценката на социо-економското влијание на КОВИД-19 врз децата
Целта на следењето на проценката на социјалното и економското влијание на КОВИД-19 врз децата е да се генерираат сценарија и проширени предлози за политика во ситуација кога е сигурно дека ова ќе биде долготрајна криза, од здравствена и од социо-економска перспектива, и каде што можеме да ја потврдиме валидноста на првичните претпоставки за нејзината природа и времетраење.
Клиент: УНИЦЕФ
Дијагностика на вработувањето во општините во Северна Македонија
Целта на проектот е се изврши дијагностика на пазарот на трудот во девет општини во Северна Македонија.
Клиент: Меѓународна организација на трудот
Премостувачки мерки за ублажување на последиците од Ковид-19
Оценка на ефектите од Ковид-19 врз сиромаштијата, со фокус врз најранливите категории граѓани
Целта на овој проект е да го процени ризикот од сиромаштија наметнат од Ковид-19 кризата, со посебен осврт кон групите најизложени на социјален ризик, и да ја подигне информираноста и свесноста за искористување на мерката за олеснет влез во системот на гарантирана минимална помош.
Специфични цели:
- Да изврши оценка/симулација на ефектот од Ковид-19 кризата врз сиромаштијата, со посебен осврт на сиромаштија по пол;
- Да изврши квалитативна оценка за ефектот од Ковид-19 кризата врз целните групи: Жените и младите во социјален ризик, неформалните работници, примателите на социјална помош и Ромите;
- Да ги оцени фискалните импликации од мерката за релаксирање на критериумите за стекнување гарантирана минимална помош;
- Да ја подигне информираноста и свесноста за олеснетиот влез во системот за гарантирана минимална помош;
- Да предложи мерки за политиките базирани на докази, со потенцијално потесно таргетирање на целните групи.
Донатор: Генерален секретаријат при Влада на РСМ
Времетраење: Јули-Декември 2020
Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници ОДГОВОР НА СОЦИО-ЕКО
Основна цел на проектот е намалување на социо-економските последици од кризата предизвикана од Ковид-19 врз ранливите категории работници.
Краткорочни цели на проектот вклучуваат:
- Да се измерат социо-економските ефекти од Ковид-кризата врз ранливите категории работници,
- Да се испитаат ставовите и искуствата на целните групи за социо-економските ефекти на кризата и искористеноста на владините мерки и помошти,
- Да им се помогне на креаторите на политиките да донесуваат информирани одлуки засновани врз докази, податоци и препораки, односно нови мерки и интервенции за ублажување на последиците од кризата врз ранливите категории работници,
- Да се зголемат капацитетите за застапување на локалните здруженија, со цел навремено и информирано застапување на ранливите категории работници пред носителите на политики,
- Да се зголеми јавната свест за социо-економските ефекти од кризата, расположливите мерки за справување со неа и потребата од воведување нови мерки и политики насочени кон овие категории работници.
Донатор: Фондација Отворено општество Македонија
Времетраење: Јули 2020 – Јуни 2021
Социоекономска проценка на средно- до долгорочните ефекти од Ковид-19 врз секторите сврзани со децата
Целта на проектот е да изврши квалитативна и квантитативна оценка на средно- до долгорочните ефекти од Ковид-19 врз секторите сврзани со децата, и тоа: социјална заштита, образование и здравствена заштита.
Анализата ќе изврши квантитативна симулација, преку користење микро-податоци, на ефектите од кризата врз детската сиромаштија и сврзани индикатори. Во посебен дел, анализата ќе се фокусира врз импликациите од и врз јавните финансии во однос на наведените сектори.
Клиент: УНИЦЕФ
Времетраење: Мај-Јуни 2020
Родова еднаквост на работното место: Мониторинг на локално ниво
Главната цел на проектот е промоција и поттикнување родова еднаквост и недискриминација при вработување и на работното место.
Краткорочните цели на проектот вклучуваат: 1) да се проценат ставовите на работодавачите за родовата нееднаквост и дискриминација при вработување и на работното место и механизмите за нивно спречување и заштита; 2) да се испитаат искуствата на работниците во врска со родовата нееднаквост и дискриминација и да се процени дали тие се сведуваат на изолирани случаи или се систематска појава; 3) да им помогне на креаторите на политиките да донесуваат информирани одлуки засновани врз докази, податоци и препораки; 4) да се поттикне социјален дијалог помеѓу клучните засегнати страни (работници, работодавци и носители на политики); 5) да се зголеми јавната свест за регулаторната рамка за заштита од родова нееднаквост и дискриминација при вработување и на работното место.
Донатор: Фондација отворено општество
Времетраење: ноември 2019 – мај 2020
Оценка на потребите од социјални услуги на општинско ниво
Целта на проектот е да изврши оценка на потребите од социјални услуги во сите 80 општини на територијата на Северна Македонија.
Клиент: Министерство за труд и социјална политика (Проект за подобрување на социјалните услуги)
Времетраење: Август – Ноември 2019
360o мониторинг на обезбедувањето социјални услуги на локално ниво: Искуства од општините Прилеп и Долнени
Општа цел на проектот е подобрување на испораката на социјалните услуги на локално ниво, преку зголемување на капацитетите на локалните засегнати страни и вклучување на граѓаните во овој процес, во општините Прилеп и Долнени.
Краткорочни цели на проектот се:
- Да го анализира и мониторира обезбедувањето социјални услуги од локалните јавни институции од сите аспекти (оттука, 360o мониторинг), со клучен акцент врз ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп.
- Да осознае во која мера обезбедувањето јавни услуги е потпомогнато од приватниот и граѓанскиот сектор.
- Да го процени степенот на соработка на локалните засегнати страни и јавните установи што испорачуваат социјални услуги.
- Да ги разбере перцепциите и искуствата на локалното население во однос на испораката на социјалните услуги.
- Да ги поттикне носителите на локални политики да донесуваат информирани одлуки базирани на докази.
- Да ги зајакне капацитетите на сите засегнати страни за поквалитетна испорака на социјални услуги.
- Да ја зголеми јавната свест за влијанието на социјалните услуги врз личната и општествената благосостојба.
Времетраење: Ноември 2018 – Март 2019
Донатор: Европска Унија преку Фондацијата Отворено Општество Македонија и Еуротинк
