Автори: Ива Трајковска, Благица Петрески
Студија за политиките 18: Оценка на нивото на усогласеност на регионалните политики на државата на благоссотојба со Европскиот столб на социјални права
Студија за политиките 17: Анализа на ефектите од измените во Законот за минимална плата
Студија за политиките 16: Физичките лица со системот на ДДВ и владеењето на правото во Македонија. Со посебен осврт и предлог-решенија во делот на авторските договори
Добар или лош данок? Реформирање на македонскиот персонален данок на доход
Главната цел на проектот е да се оцени ефектот од најавената даночна реформа на персоналниот данок на доход.
Специфичните цели вклучуваат:
- Да се оцени влијанието на најавената даночна реформа врз сиромаштијата, нееднаквоста во доходот, однесувањето на вработеноста и буџетот на земјата;
- Да се процени рефлектираното и очекуваното однесување на засегнатите страни (работодавци и вработени);
- Да ги насочи креаторите на политиките да донесуваат информирани одлуки врз основа на докази, податоци и препораки;
- Да се зголеми јавната свест за потенцијалното влијание на најавената даночна реформа.
Донатор: Balkan Monitoring Public Finance / Аналитика Тинк Тенк
Времетраење: јануари-август 2019
360o мониторинг на обезбедувањето социјални услуги на локално ниво: Искуства од општините Прилеп и Долнени
Општа цел на проектот е подобрување на испораката на социјалните услуги на локално ниво, преку зголемување на капацитетите на локалните засегнати страни и вклучување на граѓаните во овој процес, во општините Прилеп и Долнени.
Краткорочни цели на проектот се:
- Да го анализира и мониторира обезбедувањето социјални услуги од локалните јавни институции од сите аспекти (оттука, 360o мониторинг), со клучен акцент врз ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп.
- Да осознае во која мера обезбедувањето јавни услуги е потпомогнато од приватниот и граѓанскиот сектор.
- Да го процени степенот на соработка на локалните засегнати страни и јавните установи што испорачуваат социјални услуги.
- Да ги разбере перцепциите и искуствата на локалното население во однос на испораката на социјалните услуги.
- Да ги поттикне носителите на локални политики да донесуваат информирани одлуки базирани на докази.
- Да ги зајакне капацитетите на сите засегнати страни за поквалитетна испорака на социјални услуги.
- Да ја зголеми јавната свест за влијанието на социјалните услуги врз личната и општествената благосостојба.
Времетраење: Ноември 2018 – Март 2019
Донатор: Европска Унија преку Фондацијата Отворено Општество Македонија и Еуротинк
Операционализација на Стратегијата за мониторинг и евалуација 2018-2020 и воспоставување систем за оценка на учинокот и ефикасноста на вработените
Општата цел на проектот е понатамошно јакнење на капацитетите на Finance Think за транспарентно и отчетно работење.
Специфичните цели на проектот вклучуваат:
- да го унапреди процесот на мониторинг и евалуација во Finance Think, преку операционализација на Стратегијата за МЕ 2018-2020, и
- да дефинира и воспостави процес на оценка на учинокот и ефикасноста на вработените во институтот.
Донатор: Македонски центар за меѓународна соработка Времетраење: Јули 2018 – Декември 2019
Студија за политиките 15: Локалните буџети и набавки: Квалитативен увид од општините Прилеп, Крушево и Кривогаштани
Анализа на средствата наменети за политики и програми поврзани со децата во Буџетот на Република Македонија
Целта на овој проект е да обезбеди сеопфатен преглед на политиките и програмите поврзани со децата во Македонија и финансиски средства наменети за нив од страна на Владата на Република Македонија, во два меѓусебно зајакнувачки програмски домени: квалитетот на животот (социјалните политики) и образованието.
Донатор: УНИЦЕФ
Период: Јуни – Декември 2018





