Анализа на податоци за студиите за дијагностика и јавни финансии во Македонија

Целта на проектот е да обезбеди позадински пресметки во Стата за да ја поддржи подготовката на две студии: Дијагностичка студија за земјата и Преглед на јавните финансии од страна на Светската банка, врз основа на податоците од АРС, АПУЖ и АПД.

 

Донатор: Светска банка

Времетраење: декември 2017 – јуни 2018 година

 

“Мои пари, моја одговорност”: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија

Севкупната цел на проектот е да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и да се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари.


Посебните цели / задачи на проектот вклучуваат:

  • Зголемување на учеството на локалните заинтересирани страни – граѓанското општество, бизнис заедницата, граѓаните, локалните медиуми – во процесите на локално буџетирање;
  • Зголемување на свеста на локалното население за тоа како трошење на општинските пари влијае на квалитетот на нивниот живот;
  • Зголемување на кредибилитетот и ефикасноста на одлуките на локалните власти во врска со трошењето на јавните пари, како и подигање на свеста за (потребата од) транспарентност во врска со тоа.

За постигнување на целите на проектот, 6 членови на мрежата FISCAST (плус Finance Think) ќе ја претставуваат суштината на целата мрежа во овој проект. Тие беа внимателно избрани од редот на мрежата FISCAST, врз основа на два критериуми: 1) Членови на FISCAST кои имале искуство со одредени општини; и 2) Членови на FISCAST кои имале пристојна соработка со Finance Think (и во рамките на мрежата воопшто) во минатото (во однос на квалитетот на испораки, навременоста, одговорноста и така натаму). Следниве членови на FISCAST обезбедија писмена согласност и овие се почетните општините што ќе бидат опфатени:

  • Квантум Прима – Кавадарци, за покривање: Кавадарци, Неготино
  • Институт ЗИП – Скопје, за покривање: Сарај, Ѓорче Петров
  • Егри Граѓански Центар за одржлив развој – Крива Паланка, за покривање на две или три од: Крива Паланка, Куманово, Старо Нагоричане
  • Иницијативен Глас – Прилеп, за покривање: Прилеп, Кривогаштани
  • Институт ИМАПКТ- Скопје, за покривање: Струмица
  • Центар за управување со промени (ЦУП) – Скопје, за покривање: Центар, Ѓорче Петров (заедно со ЗИП)
  • Finance Think: Крушево, Центар (заедно со ЦУП)

 

Времетраење: Мај 2017 – Мај 2020

Донатор: USAID Civic Engagement Project преку East West Management Institute

 

Коруптивните практики му штетат на економскиот раст во Македонија

Целта на ова истражување за политиките е да идентификува коруптивни практики кои влијаат врз економијата во Македонија, и да понуди реални веќе-спроведени слични мерки во ЕУ за справување и сузбивање на овие видови практики.

Методот со кој се спроведува студијата на политиките е квантитативна анализа врз основа на податоци што ја доловува корупцијата и неформалните практики. Овој вид истражување е едно од првите што спроведува квантитативна анализа на тоа како корупцијата влијае врз економскиот раст во Македонија. Една од основните задачи на оваа студија е да обезбеди докази врз основа и анализа на податоци, кои ќе оопнудат објективен преглед на тоа како корупцијата всушност влијае врз економијата. Покрај тоа, овој преглед обезбедува вистински и објективни препораки за политиките за намалување на корупцијата врз основа на непристрасни и објективни анализи.

 

Донатор: ТРЕИН е финансиран од Министерството за надворешни работи на Германија и се спроведува од Германскиот совет за надворешни односи (ДГАП) со седиште во Берлин.

Времетраење: март – декември 2017 година

 

Активно вклучување на граѓаните во креирање и мониторинг на локалниот буџет и јавните набавки

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на надворешните чинители (граѓани, граѓански организации и локални медиуми) во процесите на креирање и мониторинг на локалните буџети и јавните набавки.

Главните активности на проектот вклучуваат: 1) Анализа на постоечките буџетски документи, практики и граѓанско вклучување; 2) Креирање препораки за носителите на политики; 3) Градење капацитети за спроведување и следење на локалните јавни набавки; и 4) Активности за застапување во јавноста.

Вака предвидените активности, се очекува да резултираат во: 1) Формирана квалитативна оценка за изготвувањето и транспарентноста на локалните буџети во трите општини; 2) Запознати клучните чинители со потребата за реформа на процесот на изготвување и публикација на буџетските документи; 3)Изградени капацитети на граѓанското општество, локалните медиуми и јавната администрација за спроведување и мониторинг на јавните набавки; 4) Зголемена јавна свест за потребата и можноста за учество на граѓанското општество во процесот на креирање на локалните буџети и за начинот на кој се трошат општинските пари.

 

Времетраење: 2017-2018 (12 месеци)

Донатор: Проектот WEBER преку Институтот за Европски Политики, Скопје

 

Пресметка на одржливото ниво на Македонскиот јавен долг

Целта на овој проект е да се произведе веродостојни проценки на одржливо ниво на Македонскиот државен и јавен долг.

Специфичноста на проектот вклучува ангажирање економист кој се стекнал со магистерски или докторски студии во Западна Европа или САД и кој е подготвен да помине шест месеци во Finance Think. Економистот ќе биде одговорен за следниве задачи:

  • Пресметка на одржливото ниво на македонскиот јавен долг;
  • Продуцирање студија за политиките, бриф за политиките и инфографик на темат;
  • Вклучување во други истражувања и активности за застапување на Институтот;
  • Вклучување во административни работи и организирање настани.

 

Донатор: Тинк-тенк фонд – Програмата за развој на млади професионалци

Времетраење: 6 месеци (2016-2017)

 

Бриф за политиките бр. 16 – Дали Македонските државен и јавен долг се одржливи?

Студија за политиките бр. 7 – Пресметка на одржливоста на Македонскиот државен долг

 

Родово-одговорен буџет на град Скопје

Целта на ова истражување е да ги идентификува јазовите во родовите политики и во имплементацијата на родово-сензитивен буџет на Град Скопје, како и да даде соодветни препораки за надминување на јазовите.

Истражувањето ќе даде потесен осврт на економскиот аспект на овие политики. Истражувањето ќе биде во три насоки: анализа на постоечки политики и имплементација, пристап до јавни услугии пазар на труд (градинки, училишта и здравствени услуги), родово сензитивно буџетирање.

 

Времетраење: септември – ноември 2016

Донатор: Центар за истражување и креирање политики

 

FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство

Целта на проектот е да се истражи ефикасноста и квалитетот на избрани политики во областите на квалитет на животот, образование и здравство, преку јавна дебата и решенија за политиките кои произлегуваат од податоци и докази.

Проектот се очекува да ги донесе следните промени:

  • Променето општо разбирање за важноста на конкретните политики и мерки во областите на квалитет на живот, образование и здравство
  • Зголемена достапност на податоци во специфични области, кои поставуваат основа за донесување политики базирани на докази
  • Поттикната јавна дебата и зголемена јавна свест за прашањата
  • Зголемен притисок врз носителите на политиките за подобри и поефикасни јавни политики и мерки во горните области
  • Подобрен капацитет за истражување, вмрежување и споделување експертиза

Проектот ќе ги испорача следните аутпути:

  1. Мапирање и избор на политики годишно во трите области (квалитет на живот, образование, здравство)
  2. Истражување и производство на резултати
  3. Поврзаност со медиумите и развој на аутрич производи
  4. Градење капацитет за тимовите и медиумите за користење податоци кост-бенефит анализи и решенија за политиките

 

Донатор: Британската амбасада во Скопје

Времетраење: Јули 2016 – Март 2018

 

Повик за изразување интерес (НВО) – Образец за пријавување (НВО)

Повик за изразување интерес (My story) – Образец за пријавување (My story)

Повик за учество во фокус групи

Повик за експерти – Образец за пријавување (експерти)

Дебатен клуб на експерти, Скопје, 26 октимври 2016

Работна средба, 26 април 2017

Повик за изразување интерес (новинари)

 

Инфографикони

ГИФови

Видеа

 

FISCAST: Градење капацитет и алатки за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Македонија

Општата цел на проектот е двојна: прво, да се подобри капацитетот на граѓанското општество и медиумите да придонесат за економскиот дијалог во земјата, врз основа на докази, овозможувајќи повеќе партиципативно и транспарентно креирање на политиките, со силен фокус врз фискалните политики; и второ, да се зголеми свеста на јавноста за процесот на трошењето на јавните пари.

 

Поддржано од Британската амбасада во Скопје

Времетраење: Август 2015 – Март 2016

 

FISCAST-NET

 

Локален развој или тековна потрошувачка: За која намена се трошат општинските пари?

 

Главна цел на проектот е да се зголеми транспарентноста и ефикасноста на употребата на буџетските средства на општините.

Краткорочни цели се:

  • Зголемување на информираноста на граѓаните за трошењето на буџетските средства во општинити;
  • Зголемување на информираноста и свесноста на граѓаните за ефикасноста на трошењето на буџетските средства во нивната општина во споредба со други општини;
  • Идентификување на целите за кои се трошат буџетските средства: развојни цели или тековна потрошувачка.

Истражувањето опфаќа 15 најголеми, според жители, општини во Македонија.

 

Донатор: Фондација Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ и Реактор, во рамки на ИПА Рамката за Граѓанско Општество.

Времетраење: 2014 (5 месеци)

 

Веб алатка  “Следи ги парите

Анализа – Работен материјал

Бриф за политиките бр. 8: Локален развој или тековна потрошувачка: За која намена се трошат општинските пари?